Министерството за труд и социјална политика ги потсетува работодавачите на нивната обрска за почитување на препораките за заштита на работниците, во деновите со неповолни временски услови за работа, односно топлотниот бран кој ја зафати земјата.
На работодавачите им се препорачува да го реорганизираат работното време во насока на избегнување активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот.
Информираме дека Државниот инспекторат за труд, во текот на викендот работи со дежурни екипи од 30 инспектори. Прекршувања на препораките може да се пријават на следниот телефонски број 075 402 856. Контакт лице: Слаѓана Андоновска.
Во оваа прилика потсетуваме дека согласно Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотни бранови врз населението во Република Македонија, а со цел заштита на здравјето на луѓето, препорачува од работни обврски да бидат ослободени бремените жени и хронично болните лица на возраст над 60 години.
Министерството за здравство препорачува да не се одржуваат спортски активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот, а особено се препорачува на установите за згрижување на децата (детски градинки) да не ги изнесуваат децата на отворено и да не практикуваат физичка активност во истиот период.