Министерството за транспорт и врски: Ваквите набавки се потребни за билатерални средби

Од:

Министерството за транспорт и врски реагира на текстот „Deal oriented“ – Новиот министер за транспорт ќе дава поклони на состаноците, во кој се вели дека новиот министер за транспорт и врски Владо Мисајловски на деловните состаноци ќе подарува ракотворби од месинг или луксузна монографија на македонски и англиски јазик.

Целата реакција:

Сакаме да потенцираме дека се работи за сукцесивна набавка која се реализира согласно потребите на Министерството, истата се реализира тековно секоја година и е предвидена во годишниот план за јавни набавки.

За Ваше информирање, ваквиот тип на набавки се потребни за билатерални средби како и за неформални средби кои ги остварува министерот, заменик министерот, државниот секретар како и државните советници во Министерството за транспорт и врски во рамките на своите работните обврски во комуникацијата со дипломати и други соработници кои се директно инволвирани во проектите што се реализираат преку ресорот транспорт и врски.

Оттука не гледаме ништо спорно во предметот на Договорот за јавна набавка, за истиот од Ваша страна да биде тенденциозно објавен со намера да се претстави како начин на несовесно и недомаќинско работење во Министерството.

Ве потсетуваме дека при информирањето на јавноста основно начело претставува почитување на вистината и правото на јавноста да биде информирана во согласност со Уставот на Република Македонија, од тие причини, бараме оваа реакција согласно новинарската етика да биде објавена.

Министерство за транспорт и врски

Би можело да ве интересира

Од 178 повредени, 101 пациент се третираат во странските медицински центри

Пуштен сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 кај Делчево

Ана Ололовска

Бочварски: Владата ќе помогне за санација на штетите од невремето во Делчево

Ана Ололовска

ВИДЕО: Петти месец хаос на Плетвар, асфалтирањето треба да заврши за две недели

Маја Илиевска-Пачемска

Казнета фирмата „Ројал Травел“ која без лиценца и без дозвола превезувала патници

Катерина Ѓуровски

„Помолете се пред да го поминете“, мостот Пресека на патот Кичево – Охрид во очајна состојба

А1он