Министерство за животна средина: Забелешките на јавноста вградени во финалниот предлог за прогласување на дел од Шар Планина за национален парк

Од:

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека спровело широк процес на јавна консултација по Нацрт‐законот за прогласување на дел од Шар Планина за национален парк, во времетраење од четири месеци, истакнувајќи дека забелешките на јавноста се вградени во финалниот предлог за прогласување на дел од планината за национален парк.

– По завршените консултации и анализата на пристигнатите мислења и коментари од јавноста се пристапи кон ревидирање на Студијата за валоризација на природните вредности и Социоекономската студија од страна на експертскиот тим, со дополнителен ангажман на експерти од Меѓународната унија за конзервација на природата (ИУЦН), ангажирани од Канцеларијата на Обединети Нации за животна средина во соработка со МЖСПП. Беа одржани дополнителни средби со клучните засегнати страни и локалното население за усогласување на различните забелешки и барања по што беше доставен Анекс на Студијата за валоризација со ажуриран предлог за зонирање на идниот национален парк , наведоа од МЖСПП.

Од Министерството посочија дека дополнително биле организирани и теренски посети, прибирање на податоци и стручни консултации, при што како резултат произлегле: ревизија на Студијата за валоризација и предложеното зонирање на НП Шар Планина, компаративна анализа и усогласување со соседните национални паркови (Република Северна Македонија и Косово), како и меѓународна пракса (Австрија, Германија и Словенија), анализа на релевантните членови на Законот за заштита на природата и другата релевантна легислатива и анализа и ажурирање на релевантните членови во Законот за прогласување на Шар Планина за национален парк.

– Финалниот предлог за прогласување на дел од Шар Планина за национален парк е преточен во Предлог на Законот за прогласување на дел од Шар Планина за заштитено подрачје во категоријата II – Национален парк и е достапен на следниот линк: https://bit.ly/2P1KB5q, истакнаа од МЖСПП.

Би можело да ве интересира

Спасен повреден мотоциклист кој паднал во провалија на Шар Планина

Пронајдена почината 72-годишна жена која планинарела на Шар Планина

Катерина Ѓуровски

Гром уби жена во Превала, на косовската страна на Шар Планина

Катерина Ѓуровски

Уште е активен пожарот на Шар Планина, гори букова шума во Чашка

Жителите да излезат и да ги бранат имотите, пожарот е проширен – повик од Националниот парк „Шар Планина“

ВИДЕО: Локализиран е пожарот на Шар Планина, гори на Баба

Катерина Ѓуровски