Министерство за земјоделство: Опозицијата доживеа целосно фијаско од земјоделците

Од:

Земјоделците кои учествуваа на денешната јавна расправа за заедничко договарање на аграрните политики во 2013 година, пред зградата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) имаа можност да ги видат лажните душегрижници за нивните состојби, реагира Министерството по повод протестот што го организира опозицискиот Сојуз на иднината.

Жално е што за опозиционите господа продолжува собраниската надзорна расправа на која доживеаја целосно фијаско токму од самите земјоделци. Смешно е повторувањето на случаи на кои им е одговорено во целост. Со своите лаги повторно се обидуваат да ја манипулираат јавноста во иста мера како што се невешти наброените податоци кои само ним им се познати. Овие господа дури и во опзиција преку блокирање на буџетот за 2013 година во Собранието се обидуваа заслужените пари за субвенции воопшто да не стигнат до земјоделците, наведува Министерството.

Финансиската поддршка на земјоделците од Владата на ВМРО ДПМНЕ и партнерите од коалицијата „За подобра Македонија“ и во услови на тешка економска криза не изостанува.

Каква би била состојбата во земјоделството доколку, како во времето на СДСМ, таква поддршка не постоеше излишно е да се говори. Тоа го знаат граѓаните на Македонија, особено земјоделците кои денеска ги немаше меѓу таканаречените загрижени протестанти за аграрот. Спротивно на тоа, беа присутни во Министертвото, креирајќи ги земјоделските политики. Истовремено, од другата страна,СДСМ пред себе виде модерна европска зграда, дом на почитуваниот македонски земјоделец и селанец, изградена со внимателно и рационално трошење на средствата, замена за распаднатите бараки и скапите кирии од по 30.000 евра месечно кои во нивно време се слеваа во џебовите на закупувачите на просторот блиски на СДСМ, стои во реакцијата.

Би можело да ве интересира

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

Орце Костов

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници

Николовски: 2024-та ќе биде година на нови предизвици, продолжуваме со силна реформска земјоделска политика

Николовски од Делчево: Ги повикувам сите земјоделци навремно да аплицираат, остварувајќи го правото на дополнителите директни плаќања за полјоделски култури, градинарски култури, овошни и лозови насади

Николовски: Ја носиме Европа дома, за просперитет на секој земјоделец, за пласман на домашните производи на европскиот пазар