А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Министерство за здравство: ВМРО-ДПМНЕ се служат со лаги и манипулации за да го нарушат имиџот на министерот

by А1он08/01/2024 - 13:01665
Share0

ВМРО-ДПМНЕ очигледно е длабоко погодено од позитивните промени кои се случуваат во здравството откако министерот Фатмир Меџити раководи со институцијата. Длабоко ги боли фактот што министерот обезбеди вработувања за 1117 здравствени работници и сега се обидуваат да измислат лажен непотизам како би прикажале дека на тој начин ќе се вршат вработувањата. ВМРО-ДПМНЕ треба да знаат дека нивното време на партизација на здравството е завршено и дека не се сите исти како нив. ВМРО-ДПМНЕ немаат никакви аргументи, ниту реални критики на работењето, па затоа мора да се служат со лаги и манипулации за да го нарушат имиџот на министерот, се вели во реакцијата на Министерството за здравство насочена по денешно соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Добивај вести на вибер

„Министерството за здравство во целост ги отфрла овие манипулации на опозициската партија. Целосна лага е тврдењето дека министерот вработувал лица од сопственото семејство. Лицата кои бесрамно ги злоупотребува ВМРО-ДПМНЕ се со години вработени во јавниот сектор, а министерот нема никаква врска со нивното вработување. Понатаму, советникот за кој ВМРО-ДПМНЕ се срами да го спомне името е интервентниот кардиолог Хајбер Таравари, еден од најголемите професионалци во ова поле. Тој е ангажиран заради својата експертиза и знаење, а не по партиски клуч како што тоа со години го правеше ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ треба да престане да се обидува да прикаже дека сите се исти како нив. Разликата во водењето на министерството може да го видат граѓаните за неполна година откако со него раководи министерот Фатмир Меџити. За кратко време, реализирани се крупни инвестиции, се вработуваат здравствени работници, се обезбедуваат нови лекови. Во време на ВМРО-ДПМНЕ, здравството беше само поле за корупција и криминал“, велат од здравство.

Fatmir medzitiministerstvo za zdravstvovmro-dpmne

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

Горан Наумовски27/02/2026 - 19:39

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

Горан Наумовски26/02/2026 - 09:12

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

Горан Наумовски26/02/2026 - 09:11

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

Горан Наумовски25/02/2026 - 20:08

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Горан Наумовски24/02/2026 - 09:19

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ22/02/2026 - 12:4822/02/2026 - 13:55
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен