Министерство за здравство реагира на изјавата од ВМРО-ДПМНЕ: Посветуваме внимание на сите геријатриски установи

Од:

„Најостро реагираме на изнесените невистини во изјавата на ВМРО-ДПМНЕ во врска со контролата и реакцијата на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“-Скопје по појавата на позитивни случаи на Ковид-19, за што официјално соопштение до јавноста беше испратено вчера од страна на оваа здравствена установа“, пишува во дописот од Министерството за здравство, како реакција на изјавата од Синиша Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Заради правилно информирање на јавноста Министерствотот за здравство потенцира дека од самиот почеток на епидемијата на Ковид-19, МЗ посебно внимание посветува на сите геријатриски установи, се подготвија посебни протоколи по кои функционираат овие установи, како и посебни протоколи за постапување во случај ако се појави Ковид-19. Со оглед на тоа што заштитата на овие установи е еден од критериумите за оцена на успешноста на здравствениот систем во борбата против коронавирусот, и од страна на претставници на СЗО, Република Северна Македонија беше пофалена дека навремено се преземени мерки во овие установи за да се спречи ширењето на вирусот меѓу штитениците.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат од почетокот на пандемијата со Ковид-19 има извршено повеќе вонредни контроли и надзори за состојбата и почитување на протоколите во сите 29 приватни и 5 јавни геријатриски установи во однос на количините на лична заштитна опрема, употребата на ЛЗО од страна на вработените, средства за дезинфекција, изврши и вонредна дезинфекција на овие установи.

Дополнително, за да се заштити оваа ранлива група на пациенти беше спроведен и скрининг на вработените и пациентите/ корисници на здравствени услуги во сите јавни и приватни геронтолошки установи.

По појавата на позитивни случаи во ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“-Скопје, од страна на установата преземени се сите потребни чекори: по добиената информација за позитивни тестови на неколку вработени и пациенти, веднаш е постапено согласно со протоколите за изолирање на болните од останатите пациенти и спроведување на епидемиолошка анкета на вработени за спречување на ширење на инфекцијата и мерки за дезинфекција. Веднаш е спроведен скрининг на вработените од одделението и детектирани се 3 вработени позитивни на COVID 19 кои веднаш се исклучени од работниот процес и пријавен е случајот во Центарот за јавно здравје-Скопје и Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Од овој кластер, до сега се детектирани 17 позитивни пациенти, од кои 2 пациенти кои се со потешка клиничка слика и транспортирани се на Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби, додека 3 се асимтоматски и префлени се за лекување во новиот COVID 19 центар во рамки на болницата Козле. Останатите позитивни пациенти од ова одделение остануваат на лекување во установата. Целокупниот стручен колегиум и медицински персонал е од установата е интензивно вклучен во спроведување на протоколите и засилен мониторинг за да се спречи евентуално ширење на инфекцијата.

Државниот санитарен и здравствен беше информиран веднаш за појавата на Ковид-19 во оддление на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“-Скопје и извршен е вонреден инспекциски надзор, наодите се обработуваат и за наодите од вонредната инспекција јавноста ќе биде дополнително информирана.

Министерството за здравство останува посветено на заштитата на најранливите групи на граѓани кај кои има најголем ризик доколку се инфицираат со Ковид-19 и уште еднаш апелира до сите граѓани доследно и во целост да ги почитуваат мерките за заштита за да се заштитат себе си и своите најблиски“, стои во реакцијата од Министерството за здравство.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска

Манолева: Има подобрување на националниот опфат кај редовните вакцини за деца, но не е достигнат препорачаниот праг за колективен имунитет

Ана Ололовска

Меџити: Интензивно работиме на долготрајно, ефективно и квалитетно решение за проблемот со „Трикафта“

Ана Ололовска