Министерство за здравство: Повеќе термини за лабораториски прегледи и дијагностика на Клиниката за токсикологија

Од:

Од почетокот на овој месец, ултрасонографскиот кабинет за абдомен на Универзитетската клиника за токсикологија ќе работи секоја сабота, во периодот од 08 до 13:45 часот, а закажувањето на овие прегледи може да го изврши секој матичен лекар преку Националниот електронски систем МојТермин. Исто така, во работните денови, ултрасонографскиот кабинет за абдомен ќе функционира со продолжено работни време до 18,45 часот.

За сите пациенти, кои се поставени на бупренорфински програм се овозможува посебна новина, односно се воведува работна сабота во периодот од 08 до 14 часот, во кој пациентите ќе можат да бидат прегледани и да ја подигнат својата терапија.

Исто така, во токсиколошката лабораторија се воведува двосменско работење, со што се овозможува сите квантитативни токсиколошки анализи и детекција на дроги да се извршат за 30 минути во периодот од 08-20 часот, додека за сите пациенти од 20 до 08 часот, анализите ќе бидат готови до 9:30 часот, наредниот ден.

Паралелно на овие новини, Универзитетската клиника за токсикологија обезбедува брзи квалитативни тестови за детекција на дроги и лекови, со што се овозможува за 3 до 5 минути да се постави точна дијагноза од земениот примерок на урина.

По едногодишна меѓународна евалуација, токсиколошката лабораторија се стекна со меѓународен сертификат за квалитет за детекција на концентрациите на алкохол во крв и урина.

Би можело да ве интересира

Експертска мисија на СЗО за поддршка на реформата на системот за подготвеност и одговор на јавно-здравствени вонредни ситуации во земјава

Ана Ололовска

МЗ: Првпат во земјава на ГАК извршен екстраперитонеален царски рез

Ана Ололовска

На Клиниката за кардиологија изведени први процедури на аблација на преткоморна фибрилација

Ана Ололовска

СЗО: Неопходна е подобра палијативната нега и пристап до здравствени услуги за повозрасните лица

Ана Ололовска

Клиника за хематологија: Мотивиравме 103 доброволци кои се подготвени да даруваат коскена срцевина

Ана Ололовска

Кардиологија: Работиме со целосен капацитет, пациентите да продолжат со својата рутинска нега на срцето

Ана Ололовска