Министерство за здравство не гледа непотизам во унапредувањето на сопругот на директорката на охридската кардиологија

Од:

По објавите во медиумите за деградирањето на поранешниот градоначалник на Охрид, Никола Бакрачески, вработен во ЈЗУ Завод за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања-Охрид, министерството за здравство спровел вондреден инспекциски надзор по што заклучиле дека неговото работно место одговара на неговиот степен на стручна подготовка.

– Д-р Никола Бакрачески, специјалист интернист со супспецијализација-кардиологија, во 2013 год. ја презема градоначалничката функција од позиција на директор на оваа установа. Со Одлука за мирување на вработување Д-р Никола Бакрачески има право во рок од 15 дена по престанок на вршење на функција градоначалник на Општина Охрид, да се врати во Заводот, на работно место кое одговара на неговиот степен на стручна подготовка. Роковите се испочитувани и моментално во Заводот е поставен на работно место-Раководител на отсек за аритмии за кое место согласно систематизацијата потребно е ВСС медицински факултет-спец.интернист или супспецијалист кардиолог. Напоменуваме дека во установата независно на кој отсек се водат вработените, постојано ротираат на сите отсеци, така што и Д-р Никола Бакрачески, откако е вратен во заводот, вршел интервенција-коронарографија, известија од министерството за здравство.

Во врска со информациите за новата функција на д-р Зоран Доневски, сопругот на директорката Гордана Доневска, од министерството за здравство известија дека неговото поместување е по хоризонтала и дека во тек е постапка за известување на Државната комисија за спречување корупција.

– Во врска со наводите за Д-р Зоран Доневски, специјалист-интернист, со супспецијализација-кардиологија, претходно Раководител на отсек за ергометриско тестирање, а распределен на работно место-Раководител на стационарно-болнички оддел, согласно систематизација потребно е ВСС медицински факултет-спец.интернист или супспец.кардиолог, неговото работно поместување е по хоризонтала заради заминување на претходниот вработен на тоа работно место на специјализација во Скопје и дека во тек е постапка за известување на Државна комисија за спречување корупција, велат од министерството за здравство.

Би можело да ве интересира

Зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

Болницата „Козле“ е без вода, децата ќе одат по други клиники

Катерина Ѓуровски

Граѓаните му пишуваат на министерот за здравство, најмногу за доцнење резултати

Охридскиот регион остана под заштита на УНЕСКО, ќе се ангажира фирма која ќе ги урне дивоградбите во Охрид, рече Мицкоски

Здравствениот систем е целосно мобилизиран и подготвен за навремен одговор на евентуалните последици

Љутков: Извештајот на УНЕСКО за Охрид се однесува токму на периодот на владеење на СДСМ и ДУИ