Министерство за транспрт и врски: СДСМ ветува проекти кои оваа Влада веќе ги реализира

Од:

Министерството за транспорт и врски денеска реагира на обвинувањата на СДСМ дека Владата го запоставила делчевскиот регион, особено патната инфраструктура, и на ветувањето за проекти во овој дел од земјата и притоа посочува дека „останува пракса СДСМ да најавува проекти кои што веќе Владата предводена од ВМРО – ДПМНЕ ги реализира“.

 – Само во моментов во Источна Македонија се градат преку 120 километри патна инфраструктура или инвестиција од над 200 милиони евра. Во моментов се гради автпатот Миладиновце – Штип во должина од 47 километри, експресниот  пат од Велес до Кадрифаково во должина од 25,9 километри, регионалните патишта од Делчево до Голак и од Кочани до Делчево, се вели во реакцијата од Министерството.

 Оттаму најавуваат и дека наврзо ќе започнат со изградба експресните патишта: Штип – Кочани, Штип – Радовиш, Ранковце – Крива Паланка, како и регионалните патишта Пробиштип – ски центар Пониква, Крива Паланка – Македонска Каменица и Крива Паланка – Деве Баир или вкупна инвестиција од преку  240 милиони евра.

 – За разлика од оваа Влада предводена од ВМРО – ДПМНЕ која во континуитет работи на подобрување на патната инфраструктура во Република Македонија, СДСМ постојано го залажува народот со најавување проекти што веќе се во фаза на  реализација, се вели во реакцијата.

Од Министерството за транспорт и врски потенцираат дека оваа Влада ке продолжи со истото темпо на изградба на патната инфраструктура низ цела територија на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Бочварски: До 10 јули ќе се вози по патот Подмолје-Охрид, има силна градежна офанзива

A1on

Пуштен сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 кај Делчево

Ана Ололовска

Бочварски: Владата ќе помогне за санација на штетите од невремето во Делчево

Ана Ололовска

Се укинуваат дозволите за превоз на товар и патници меѓу Србија и Северна Македонија

Горан Наумовски

Саем за транспорт во комплексот „Борис Трајковски“

Ана Ололовска

Бочварски: Сите постапки ќе се реализираат со цел да се изградат коридорите на време

Ана Ололовска