Министерство за правда: Тврдењата на Мицевски дека Владата сака „да протне“ закони се целосна невистина

Од:

Министерството за правда како целосно невистинити ги отфрла обвинувањата на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски, кој и покрај тоа што го знае процедури, изјави дека Владата сака насила да „протне“ 12 закони со европско знаменце.

– Имено, повеќето од овие закони се на Министерството за правда и се дел од Стратегијата за реформи во судството чие спроведување е наша обврска кон граѓаните и кон ЕУ. Дел пак, како на пример Предлог-законот за академија за судии и јавни обвинители се работени во директна координација со Европската комисија. Дополнително, сакаме да потсетиме на процедурата, односно некој закон да добие европско знаменце не е важно колку членови се усогласуваат. Важно е само дали има усогласување или не. Во случајов секако дека има. Исто така, овие закони се дел од Националната програма за усвојување на европското законодавство и го имаат потребниот ЕПП број. Од партијата ВМРО-ДПМНЕ тоа добро го знаат и со жалење констатираме дека наместо да влезат во собраниска дебата со цел да дадат и свои предлози, тие свесно манипулираат на штета на реформите во судството, а со тоа и директно на граѓаните. Некои од овие Закони, како на пример оној за парнична постапка се двотретински, така што гласовите и соработката со опозицијата ќе биде потребна со цел заедно да придонесеме за судските реформи за кои толку многу говориме, стои во реакцијата на Министерството за правда.

Би можело да ве интересира

Министерството за правда до Владата испрати предлог за разрешување на Коцевски

Катерина Ѓуровски

Филков: Зголемување на казните за возачите кои ја загрозуваат безбедноста во сообраќајот

А1он

Мицевски: Изразувам огромна згрозеност од недоличното, безобразно и срамно однесување на претседателот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев

Горан Наумовски

Игор Филков ја презеде функцијата- министер за правда

Мицевски ги повика турските партии да бидат дел од владата на ВМРО-ДПМНЕ

Мицевски очекува да има двотретинско мнозинство за законските измени за реорганизација на министерствата