Министерски состанок на ПСЈИЕ: Земјите од регионот можат да соработуваат

Од:

Нашата визија за иднината ќе се оствари, ако заеднички соработуваме и бидеме добри соседи, истакна министерот за надворешни работи Никола Попоски на денешното отворање на формалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите учеснички во Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) што се одржува во Охрид.

– Треба да учиме од минатото додека градиме сериозни изгледи за иднината. Очекуваме со ваквите средби да придонесеме за зголемена регионална соработка, рече Попоски.

Во изминатите 17 години, додаде тој, имавме фундаментална политичка, економска, социјална и културна размена. – Се соочивме со многу предизвици, цел ни е да најдеме решенија за нив. Треба заеднички да стоиме и да се поддржуваме кога и да е неопходно. Тоа е и рамката на ПСЈИЕ, истакна Попоски.

Регионот се повеќе се приближува кон ЕУ посочи тој потсетувајќи на изјавите на Ирската министерка Лусиндра Крејтон и еврокомесарот Штеган Филе дека оваа година изобилува со можности во однос на проширувањето.

– На минатонеделната конференција посветена на солунската агенда во Даблин беше постигната согласност дека процесот на проширувањето нема да биде завршен без приклучување на целиот Балкан, рече Попоски.

Македонија како земја-кандидат за членство веќе осум години работи на остварувањето на препораките од Брисел и добрососедските односи.

– Одговорни сме за иднината, отворени сме и посветени за партнерство, да дискутираме за заедничките прашања и да ги решаваме проблемите, рече Попоски, нагласувајќи дека ќе останеме упорни за остварување на евроатланската цел.

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе рече дека ПСЈИЕ во последните години дејствува како глас на регионот. – Оваа соработка, меѓутоа, мора да биде инклузивна и да се постигне консензус за прием на Косово, што би било поздравено од Европската унија, изјави Филе. Според него нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина е долг процес, а инклузивноста на државите ќе придонесе во неговото решавање.

Во однос на Македонија, Филе со став дека земјата оди напред во реформите, но важна е реализацијата на мартовскиот договор со сите негови точки.

Генералниот секретар на Регионалниот совет за соработка Горан Свилановиќ истакна дека денешниот состанок е доказ дека земјите од регионот можат да соработуваат меѓу себе. Посочи дека ПСЈИЕ помогна во помирувањето, соработката и напредокот на регионот и очекува дека така и ќе продолжи. И честита на Хрватска за претстојниот влез во Унијата и го поздрави како многу охрабрувачки неодамнешниот договор Белград-Приштина.

Новиот бугарски министер за надворешни работи Кристијан Вигенин рече дека за него нема подобар начин од започнувањето на новата функција од ваква средба за регионална соработка. Бугарија, вели тој, е свесна за својата одговорност во регионот и како членка на ЕУ и НАТО е голем заговарач за прием на земјите од регионот во овие организации, но потенцира дека членството е остварлива цел кога ќе с еисполнат критериумите.

Тој изјави дека Бугарија иницирала серија регионални иницијативи за соработка. Во однос на добрососедските односи Вигенин оценува дека тие се важи за билатералната соработка и ќе придонесат односите меѓу Македонија и Бугарија да се подигнат на ново ниво и да овозможта поголема соработка. Притоа истакна дека европските перспективи повлекуваат економско социјални промени, но и надминување на стереотипите на Балканот.

На состанокот присуствуваат и генералниот секретар на ОБСЕ Ламберто Заниер, претставници на други меѓународни организации, министрите на Хрватска Весна Пусиќ, на Црна Гора Игор Лукшиќ, на Србија Иван Мркиќ, замениците-министри на БиХ, Турција и Косово, политичкиот директор од грчкото Министерство за надворешни работи, како и романскиот државен секретар.

Би можело да ве интересира

МНР ќе упати порака за претпазливост до македонските државјани во Израел, нема нови барања за евакуација

Османи: Никогаш не сме биле поблиску до Трета светска војна

Орце Костов

МНР формираше кризен штаб: Македонските државјани може да заминат од Израел само преку аеродромот во Тел Авив

Орце Костов

МНР апелира да се избегнуваат патувања во Израел и регионот

Македонската амбасадорка итно повикана во бугарското МНР: „Лажни се изјавите на македонските политичари“

Орце Костов

МНР го осуди нападот врз цивилите во Газа: Ова е кршење на меѓународното право

Орце Костов