Министерот за транспорт и врски Сугаревски се сретна со шпанскиот амбасадор Сера

Од:

Mинистерот за транспорт и врски Горан Сугарески оствари работна средба со амбасадорот на Шпанија во Република Македонија, Емилио Лоренцо Сера.

На средбата министерот Сугарески информираше за капиталните проекти што се реализираат во Република Македонија во делот на патната и железничката инфраструктурата.

Министерот ги потенцираше проектите за изградба и реконструкција на патната мрежа во Република Македонија..

Исто така, Амбасадорот се запозна и со проектите што ќе се реализираат во следниот период во делот на доизградба на железницата на Коридор 8 и тоа проектот за изградба на пругата кон Албанија како и доизградба на пругата кон Бугарија.

– Денешната средба беше исклучително добра во насока на запознавање на шпанскиот амбасадор со проектите што ќе се реализираат во Република Македонија. Исто така тој ме информираше дека постојат компании од Шпанија кои се квалификувани за учество на вакви проекти и ова беше добра средба да го запознам со динамиката на релазацја на истите, изјави министерот Сугарески.

Министерот Сугарески изрази благодарност за досегашната соработка и ја нагласи потребата од интензивирање на таквата соработка во понатамошниот период.

Би можело да ве интересира

Шпанија се предомисли, па одлучи да го финансира американско оружје за Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Шпанија, прогласена е вонредна состојба

Трамп со сериозни закани кон Шпанија: „Размислувам да ги казнам за она што го направија“

(ВИДЕО) Катастрофални поплави во Шпанија: Пороите носат сè пред себе, луѓе се заробени во автомобили

Трамп и се закани на Шпанија со исклучување од НАТО

Четири лица загинаа при уривање на зграда во центарот на Мадрид