Купи цело село во Шпанија за 310.000 евра

Од:

Американскиот претприемач Џејсон Ли Беквит го купи напуштеното село Салто де Кастро во Шпанија за 310.000 евра, сума споредлива со цената на поголем стан во многу европски градови.

Селото, кое е празно од 1989 година, планира да го претвори во туристичка дестинација.

Салто де Кастро, познато и како Побладо де Кастро, се наоѓа во покраината Замора, по границата со Португалија и реката Дуеро.

Населбата е изградена во 1940-тите и 1950-тите од компанијата Ибердрола со цел да се сместат работниците ангажирани во изградбата на блиската брана и хидроцентрала.

Во тоа време, селото имало 44 куќи, црква, училиште, бар, пансион и станица за цивилна стража. По завршувањето на работите, интересот за живеење на таа локација исчезнал, па селото со текот на времето било напуштено и запоставено, завршувајќи на листата на загрозено културно наследство.

Беквит, директор на калифорниската компанија „Рокинг Хоспитилити“, дознал за селото преку интернет. По посетата, решил да го купи, а за да ја финансира инвестицијата, го продал својот пансион во Калифорнија.

Планира да се пресели во Шпанија со сопругата и лично да ја води реконструкцијата.

Неговата идеја е да го претвори селото во туристички комплекс со фокус на локално производство и одржливост.

Постојните куќи ќе бидат претворени во вили и станови, а планирано е да се отвори и хотел за планинари, со вкупно 184 кревети.

Проектот вклучува ресторан, бар, базени, спортски терени и спа центар, додека црквата треба да стане простор за разни настани.

Планирани се и лозја и сопствена винарија, како и промоција на локални производи како што се говедско месо од Алиста, диви печурки, мед и костени. Се проценува дека проектот би можел да создаде околу 35 работни места.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот премиер распиша предвремени парламентарни избори

А1он

Илјадници Шпанци на улиците поради станбената криза: „Вака повеќе не може“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Страшни поплави во Шпанија: Водата носи се пред себе

ВИДЕО: Полицијата пронашла двајца голи и крвави мажи во собата за мачење во вилата на уапсените Срби

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Шпанската полиција со гумени куршуми и пендреци ги отстранува мигрантите од плажите во Сеута

Предраг Петровиќ

Трамп со жестока порака за Шпанија: „Имате нула контрола врз границите“