Министерот за надворешни работи на Црна Гора во официјална посета на Македонија

Од:

Во официјална посета на Република Македонија денеска ќе престојува министерот за надворешни работи на Црна Гора Срѓан Дармановиќ, соопшти Министерството за надворешни работи на РМ.

Покрај средбата со министерот за надворешни работи Никола Димитров, Дармановиќ, како што соопшти МНР, ќе биде примен и од претседателот Ѓорге Иванов, претседателот на Собранието Талат Џафери и од премиерот Зоран Заев.

– Во рамките на посетата се очекува да бидат разменети мислења за натамошно унапредување на билатералните односи во сферите од заемен интерес, како и за продлабочување и натамошна диверзификација на секторската соработка. Во фокусот на дискусиите ќе биде и соработката на планот на ЕУ и НАТО интеграцијата, потребата од инфраструктурно поврзување, а ќе стане збор и за регионалната соработка и заедничката европска иднина, соопшти МНР.

Би можело да ве интересира

Aвтобус што превезуваше ученици удри во карпа – тешко повреден е придружникот на патувањето

А1он

Пет земји ставија печат на застојот во преговорите на Црна Гора со ЕУ

Македонката што прегази куче во Црна Гора осудена на 45 дена затвор

Катерина Ѓуровски

Огнена стихија во БиХ и Црна Гора: Сараево се задушува во густ чад

Горан Наумовски

Полицијата откри дека Шабуњин прво го уби инструкторот, а потоа и двајцата помошници

Горан Наумовски

Се самоуби рускиот државјанин осомничен за тројно убиство во Црна Гора