Министерот за надворешни работи на БиХ во посета на Македонија

Од:

Министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Игор Црнадак денеска ќе престојува во официјална посета на Република Македонија на покана од шефот на македонската дипломатија Никола Попоски.

Во рамките на посетата, министерот Црнадак ќе биде примен од претседател на Република Македонија Ѓорге Иванов, а ќе оствари средба и со премиерот Никола Груевски.

Покрај тоа,  ќе се одржи и пленарна седница во МНР на која се очекува министрите за надворешни работи на двете земји да разменат мислења за досегашното ниво на билатерални односи и соработка, како и предлози и иницијативи за нејзино проширување во сите области од заемен интерес.

Се очекува, соговорниците да разменат мислења и за напливот на мигранти од Блискиот Исток во регионот, а ќе се разговара и за соработката во рамките на регионалните иницијативи.

Би можело да ве интересира

Босанец (29) со нож и пиштол им се закануваше на минувачи кај Колосеумот во Рим

А1он

Пожарот се приближува до куќите кај Трново – минско поле го спречува гаснењето

Горан Наумовски

БиХ го повлекува персоналот од Амбасадата во Белград: Односите со Србија ги сведуваме на минимум

A1on

Огнена стихија во БиХ и Црна Гора: Сараево се задушува во густ чад

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Уапсен е човекот кој со автомобил газеше луѓе на коњски трки во БиХ

А1он

Грлиќ Радман: Формирањето хрватска изборна единица не значи дека БиХ ќе се распадне