Министерот Таравари ја посети Општата болница во Кичево

Од:

Министерот за здравство Арбен Таравари придружуван од новиот директор на Општата болница во Кичево, Билјана Настеска попладнево го посети стариот објект на таа јавна здравствена установа, но и новиот објект кој е во изградба.

Таравари изјави дека посетата на болницата е во рамки на неговата турнеја низ сите болници во земјата со цел одблиску да се запознае со условите во кои тие работат.

– Како Влада конечно обезбедивме средства за финалната фаза за доизградба на новата болница, која иако е почната во почетокот на деведесетите години од претходните влади, за жал не е дозавршена. Можам да ветам дека како нова Влада обезбедивме средства и за месец дена ќе го распишеме тендерот за завршната фаза и дека конечно кичевчани ќе се здобијат со нова болница до март или април 2019 година, рече Таравари.

Тој додаде дека дека се залагаат да се отвораат и амбуланти во руралните средини, но, како што рече, се соочуваат со недостиг на лекари.

Би можело да ве интересира

Доктор во јавно здравство заработил 700 илјади денари за еден месец

Предраг Петровиќ

Алиу: Се воведува дигитално водење на медицинската документација

Автопатот Гостивар – Кичево ќе биде готов во рокот, до крај на 2029 година

А1он

Лекарите од дефицитарни специјалности ќе може да работат до 70 години

Министерство за здравство: Законот за заштита од пушење не се одложува

ВИДЕО: Свлечишта, поплавени куќи низ земјава, најалармантно е во Кичево