Министерот Шаќири за процент не сака да разговара, договор за платите на наставниците до вторник

Од:

И на новата средба помеѓу претставниците на СОНК и министерот за образование Јетон Шаќири, нема договор за платите на наставниците и воспитачите. Се разговарало за процентот, ставовите се доближиле, но детали не се откриваат. Шаќири смета дека прекин на настава не треба да има доколку се јави потреба од други разговори, а договор очекува најдоцна до вторник.

„Се отворија многу дискусии за колективните договори и мислам дека ќе имаме нов колективен договор наредниот период, па ќе имаме за што да продолжиме со преговори. Ставовите се доближуваат, во другиот дел се наоѓаат решенија. Побарав разбирање од СОНК и наставниците затоа што имавме добра волја за решение“, посочи Шаќири

Прашан дали платите ќе се покачат за 18 отсто како што бараше СОНК или пак за помал процент, Шаќири рече: „Се уште разговараме. Ќе најдеме начин тој да биде подобар“.

„Не сакам да споменувам процент. Сакам да е ова последен штрајк и прекинат процес на настава. Можеби во наредниот период ќе имаме потреба од други разговори, но да нема прекин на настава“, рече Јетон Шаќири.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Министерот за образование: Се разгледува можноста за настава по 10 јуни

А1он

МИОА: Нови алатки во процесите за дигитална трансформација на општеството

А1он

Шаќири: Мораме да се грижиме за безбедноста на луѓето во сајбер просторот

А1он

Шаќири: Ревизија на системот на дискрециските овластувања при вработувањата

А1он

Николовски и Шаќири: Со новиот Електронски систем за поднесување и следење на пријави до брзи услуги за граѓаните и превенција од корупција

А1он

Шаќири: Сајбер безбедноста е важен фактор во процесот на дигитализација

А1он