Министерот Шаќири се обрати на третиот Дигитален самит за земјите од Западен Балкан

Од:

Министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири учествуваше на сесијата „Улогата на владите во дигиталната трансформација“, во рамките на третиот Дигитален самит за Западен Балкан, што годинава се одржува онлајн во Тирана.

На самитот, што се одржува во рамките на Берлинскиот процес, како што соопшти Министерството за информатичко општество и администрација, учествуваат високи владини претставници од регионот, Европската комисија, Советот за регионална соработка, претставници на бизнис заедниците и други релевантни засегнати страни.

Притоа, министерот Шаќири имаше можност да размени ставови, искуства, успеси, но и предизвици од забрзаната дигитализација.

-Главен двигател на дигитализацијата е електронската идентификација. Во време на пандемија, интересот на граѓаните за користење на електронските услуги видливо се зголемува. За целосно добивање на повеќето електронски услуги, неопходна е електронска идентификација која ќе биде достапна за сите и лесна за употреба. Во таа насока, соработуваме со светската компанија Мастеркард за развој и спроведување на иновативни дигитални услуги за потврда на идентитетот на граѓаните, безбедно и согласно европските регулативи, истакна министерот во своето обраќање.

Според Шаќири, отворениот пристап кон сајбер безбедноста со вклучување на сите засегнати страни од приватниот сектор, индустријата, академската заедница, невладиниот сектор, ќе даде можност за стратешко искористување на ресурсите и на специфичните знаења и алатки кои секој од овие сектори може да ги понуди.

Во рамки на Дигиталниот самит, со партнерите од Западен Балкан ќе се потпишат два меморандуми за соработка, со кои ќе се продлабочи соработката во областите на 5G, доверливи услуги, интероперабилност и други области кои ќе помогнат за регионално препознавање.

Инаку, панелисти на истата сесија беа и Душан Половиќ, генерален директор на Директоратот за електронска управа и информатичка безбедност на Црна Гора, Мирлинда Карчанај, генерален директор на Национална агенција за информатичко општество на Република Албанија, Михаило Јовановиќ, директор на канцеларијата за информатичка технологија и електронска управа на Србија, како и Ивана Шариќ, раководител во Генералниот секретаријат на Советот на министри на Босна и Херцеговина, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе 40-тина амандмани за пакетот закони од МИОА, од кои 21 за Законот за административни службеници

Трајчевски: АВМУ го тужи МИОА затоа што ни исплати 80.000 евра помалку од законски предвидените

Орце Костов

Алиу: Вработувањата не се предизборни, ќе се вработат на неопределено лица кои работеле привремено

Орце Костов

Алиу: Конечен став за забраната на Тик-Ток по координација со правосудните, образовните и безбедносните институции

Горан Наумовски

Почнаа преговорите за решавање на проблемите на регионалните и локалните радиодифузери

А1он

МИОА: Нови алатки во процесите за дигитална трансформација на општеството

А1он