Министерот Сали за клинички кај касарната „Илинден“: Граѓаните ќе изгубат доколку почнеме процедура за нова локација

Од:

Министерот за здравство Беким Сали нема да ја менува локацијата во Ѓорче на која е предвидено да се гради новиот клинички центар. На прашањето од „А1он“ кој е неговиот личен став по предлогот од токсикологот Нико Беќаровски кој јавно го сподели мислењето дека новиот клинички центар се уште може да се изгради кај касарната Илинден, кај болницата „8 Септември“ или на сегашната локација, од неговиот кабинет повторија дека не се размислува за менување на локацијата.

„Во однос на спроведување нови анализи, министерот веќе во медиумите го посочи својот став дека граѓаните ќе изгубат доколку допрва се почне процедура за изградба на клинички центар на друга локација, со оглед дека за нови анализи и физибилити студии се потребни повеќе години, а ова е прашање за кое има итна потреба да се реши. Оттука е и потребата да се приближат ставовите меѓу политичките партии“, велат од кабинетот на министерот Сали.

Од таму нагласуваат дека во тек се разговори со поголемите политички партии за изградбата на новиот клинички центар.

Токсикологот Беќаровски преку објава на социјалните мрежи потсети дека се уште не е доцна новиот клинички центар да се изгради во поширокото централно подрачје укажувајќи дека надвор од градските атари се градат санаториуми. Тој сподели дека досега посетил дваесетина клинички центри во исто толку држави и секаде центрите биле во централното градско подрачје, а моловите надвор од градот, за разлика од кај нас.

Би можело да ве интересира

Велика Британија финансиски ќе ја помогне изградбата на новиот Клинички центар

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Ризикот за плаќање на милионски отштети кон странски фирми во арбитражни постапки е заради неспособноста и криминогеноста на СДС

Николов: Оваа Влада има пари за пенали и за непостоечки функции, ама нема за лекување на граѓаните

Катерина Ѓуровски

Заедно со Жерновски уште 14-мина земаат плата за непочнатиот клинички центар

Скен: Тепачка кој да ги троши парите – 13 години чекаме нов клинички и никако да го дочекаме

Анита Петровска Рајковиќ

СДСМ: Ниту една лага од белиот дворец не може да го покрие фактот дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се против здравјето на граѓаните