Министерот Нухиу оствари средба со унгарскиот амбасадор Дукс

Од:

Министерот за внатрешни работи д-р Агим Нухиу денеска (13.03.) се сретна со г.Ласло Дукс, Амбасадор на Унгарија во Република Македонија. На средбата, министерот Нухиу изрази благодарност до Република Унгарија и до унгарското министерството за внатрешни работи за досегашната извонредна билатерална соработка. Не само од аспект на организирање на обуки и полициска едукација, туку и за конкретната поддршката со справување со мигрантската криза, со испраќање на контингенти со полициски службеници на нашата јужна граница, кои работат заедно со нашите полициски службеници.

На средбата, министерот Нухиу и амбасадорот Дукс го потенцираа уверувањето дека таквата соработка и партнерство ќе се продлабочат и интензивираат и во иднина.

Поддршката на Унгарија во областа на безбедноста и полицијата е многу значајна за евроатлантските перспективи на Република Македонија и високо ја цениме отворената поддршка што Унгарија ја дава кон нашата земја во овој процес, истакна министерот Нухиу.

Во однос на актуелната ситуација, Министерот Нухиу нагласи дека МВР од аспект на своите законски надлежности е максимално и активно посветено во заштитата на јавниот ред и мир и безбедноста и сигурноста на сите граѓани. Притоа истакнувајќи дека е неопходно целосно институционално ангажирање во одржувањето на мирот и генерално – правниот поредок во државата.

Би можело да ве интересира

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Орбан: Украинците се способни да го оштетат сопствениот нафтовод

Унгарија ги блокира санкциите кон Русија

Седум деца исчезнаа во близина на границата со Србија, најмладото има само две години

Унгарскиот парламент усвои предлог-резолуција со која се отфрла членството на Украина во ЕУ

А1он

Маѓар: Ја повикувам Русија да се воздржи од влијание врз унгарските избори

А1он