Министерот Лутфиу на одбележувањето на денот на ОУ „Славејко Арсов“ во Преспа

Од:

Министерот за образование и наука Пиштар Лутфиу денеска присуствуваше на одбележувањето на денот на основното училиште „Славејко Арсов“ во Преспа.

Како што соопшти МОН, министерот Лутфиу честитајќи им го денот на училиштето на учениците, на наставниците и граѓаните истакнал дека овој регион остави длабоки траги во развојот на образованието на албански јазик, не само во овој дел, туку низ цела Македонија.

– Ставот на народот од овој регион со години и децении кон училиштата односно кон албанскиот јазик и животното искуство ги убеди жителите на Преспа генерации со генерации дека знаењето и искуството се неразделни и носат успех и безбедност во животот. Училиштето беше и секогаш ќе биде најпосакуваниот и најпосетениот храм за сите нас, нагласил Лутфиу.

Министерството за образование и наука, како што посочил, ќе продолжи со поддршка и со инвестиции во образованието во насока на подобрување на квалитетот на образованието, која ќе не доведе до вистинските квалитети и благосостојба за нашите деца.

– Преспа секогаш беше гладна за образование, но јас сум убеден дека сите ние заедно со усогласување на нашите напори, искуства, нашата волја ќе го подигнеме квалитетот на образованието. Ако вчера образованието претставуваше столб на нашата отпорност за слобода, денес претставува столб на интеграција на нашата земја во семејството на развиените демократии, истакнал Лутфиу.

Би можело да ве интересира

Беснее пожарот во Националниот парк „Преспа“, тешко оди неговото локализирање

„MEET Преспа”– фестивал што ги обединува културите во регионот утре во Пустец

А1он

Пожарот околу Преспанско езеро е ставен под контрола

А1он

Легендарниот германски актер и режисер Брајан Мајклс добитник на наградата за животно дело Актер на Европа 2025 на Интернационалниот театарски фестивал во Преспа

Серија земјотреси го тресат преспанскиот регион

А1он

Силен земјотрес ноќеска ги вознемири граѓаните на Преспа

A1on