Mинистерот Јолевски во работна посета на САД

Од:

Министерот за одбрана Зоран Јолевски денеска во Пентагон, Вашингтон, ќе оствари работна средба со помошникот на секретарот за одбрана на САД, Дерек Колет, задолжен за меѓународни безбедносни работи.

За време на средбата, соопшти Министерството за одбрана, меѓу другото ќе се разговара и за одбранбената соработка меѓу Република Македонија и САД, како и за идниот ангажман на Армијата на Република Македонија во новата мисија во Авганистан „Одлучна поддршка“.

Претходно, како што е најавено, министерот Јолевски ќе оствари средба и со конгресменот Мајк Конавеј, член на Комитетите за одбрана и разузнавање каде ќе се разговара за влезот на Македонија во НАТО.

Јолевски ќе има и работен ручек со 20-тина претставници на Белата куќа, Пентагон, Стејт Департманот, како и повеќе институти кои прават анализи за светската безбедносна ситуација и улогата на НАТО. 

Би можело да ве интересира

Отворен ден на АРМ по повод годишнина од членството на Македонија во НАТО

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Власта да ја стопира набавката од 250 милиони евра за транспортни хеликоптери во изборен период

Отворен ден на Армијата по повод четири години од членството во НАТО и 75 години од формирањето на Алијансата

Армијата за 230 милиони евра ќе се опреми со осум хеликоптери од италијанскиот производител „Леонардо хеликоптерс“

Објавен jавен оглас за прием на 300 нови професионални војници во Армијата

Нови 150 професионални војници во редовите Армијата добија договори