Министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу, утре ќе го отвори дводневниот Регионален форум за прекугранична соработка, организиран со поддршка на Европската Унија.
На отворањето на Форумот ќе говори и шефот на Делегацијата на Европската Унија во Република Македонија, амбасадорот Самуел Жбогар.
На Регионалниот форум за прекугранична соработка ќе учествуваат претставници од Европската комисија и од земјите од регионот кои што учествуваат во имплементацијата на ИПА Програмата за прекугранична соработка. Целта на Форумот е да се споделат добрите пракси и искуства на надлежните институции и тела од земјите во регионот.
Регионалниот форум за прекугранична соработка ќе се одржи во хотел Изгрев во Струга, со почеток во 09.15 часот.