Фазлиу: Случајот со ангажирањето на вработени како експерти е пред мојот мандат, средствата беа вратени

Од:

Министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу реагира на вчерашното соопштение на финансиската полиција.

„Во интерес на јавноста, сакам да дадам одговор и порака на сите заинтересирани.

Синоќешните јавни обвинувања од страна на медиумите, а во име на финансиската полиција припаѓаат на времето и мандатот кога со ова Министерство управувал некој друг. Во мое време, пред една година овој случај е затворен. Им наложив на споменатите соработници во обвинувањата да ги вратат средствата- и средствата беа вратени.

Објавувањето на овој случај, конкретно во ова време, и тенденцијата по секоја цена во име на финанасиската полиција да се стави дамка на моето име и мојата личност е пратено на погрешна адреса. Апелирам до сите релевантни институции во државата, а исто и до финансиската полиција сериозно да се зафатат со истражување, откривање и документирање на злоупотребите, корупцијата во сите сегменти на државата, без да поштеди ниту поединец, ниту група на организиран криминал. Крајно време е раководителот на Управата за финансиска полиција сериозно да се зафати со реалните злоупотреби кои се вкоренети во Македонија во последните 20- 30 години, и да не дозволи да стане дел од политичките игри барајќи криминал таму кадешто не му е место, а затворајќи очи таму кадешто и слепиот гледа реален и организиран криминал“ се вели во реакцијата на Фазлиу.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Локалната самоуправа има три пати повеќе доверба од народот за разлика од власта

Пенов: Со изградба на стационар Владата го решава проблемот со бездомните кучиња во девет општини во Вардарскиот регион

Ана Ололовска

Пенов: Не сме задоволни од ангажманот на општините во прибирањето на сопствените средства

Ана Ололовска

Пенов: Со барањето за „заедница на албанските општини“ некој сака да лови политички поени

Ана Ололовска

Димитровски поднесе оставка од функцијата заменик-министер за локална самоуправа

Ана Ололовска

Со отвора новата ИПА3 Програма за финансирање на проекти за прекугранична соработка со Грција во вредност од 33 милиони евра

Ана Ололовска