Министерот Џафери ќе се сретне со албанскиот колега Имами

Од:

Министерот за одбрана Талат Џафери кој престојува во официјална посета на Република Албанија денеска ќе оствари одвоени средби со својот домаќин, албанскиот министер за одбрана Арбен Имами, како и со политичкиот врв, претседателот на државата Бујар Нишани и претседателот на Собранието Јозефина Топали.

Џафери вчера се сретна со претседателот на собраниската комисија за одбрана и безбедност во албанското Собрание Леонард Деми, како и со бригадниот генерал Бардил Хоџа, командант на Копнената војска на албанската Армија.

Република Македонија и Република Албанија меѓусебната соработка на полето на одбраната и безбедноста ја темелат на Спогодбата за билатерална соработка од 1998 година, Меморандумот за разбирање меѓу министерствата за одбрана на двете земји, како и во рамките на САД- Јадранската повелба.

Двете соседни земји соработуваат и на проекти во духот на концептот „паметна одбрана“, потоа во рамки на СЕДМ иницијативата и РАЦВИАЦ-Центарот за безбедносна соработка.

Би можело да ве интересира

Мисајловски: Со реформата конечно го решивме прашањето на професионалните војници

Професионалните војници по 45 години ќе можат да останат во Армијата со договор на неопределено време

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он