Министерот Димитров утре и задутре во работна посета на Германија

Од:

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, утре и задутре ќе престојува во работна посета на Германија. Посетата следи по поканата на претседателот на Комисијата за ЕУ прашања во германскиот Бундестаг, Гунтер Крихбаум.

Димитров ќе се обрати пред членовите на Комисијата за ЕУ прашања во германскиот Бундестаг, при што ќе се осврне на најновиот развој на внатрешно-политичките состојби во Република Македонија, процесот на имплементација на Договорот од Преспа и реформската агенда поврзана со интеграцијата во ЕУ и НАТО.

За време на посетата, Министерот Димитров ќе оствари средба и со германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас, како и со Јан Хенкер – советникот за надворешна политика на германската канцеларка, Ангела Меркел. Ќе се сретне и со раководните лица на фондациите „Конрад Аденауер“ и „Фридрих Еберт“, како и со специјалниот координатор на активностите на Германско-француската канцеларија за млади (German-French Youth Office) во регионот на Југостична Европа, Франк Моравjец.

Би можело да ве интересира

Мерц: Долготрајната војна не е во интерес на Германија

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби