Министерот Чулев во работна посета на ПО Шуто Оризари

Од:

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев денеска оствари работна посета на Полициското одделение Шуто Оризари каде истакна дека главен фокус во работењето на Министерството за внатрешни работи во овој период е обезбедување услови за организирање на фер, демократски и мирни избори.

На средбата Министерот беше запознаен со актуелната безбедносна состојба во општината и последните статистички податоци поврзани со криминалитетот на локално ниво.

Министерот Чулев потенцираше дека полицијата е служба на граѓаните и дека полициските службеници мора да работат во интерес на граѓаните и имаат обврска да го гарантираат мирот и безбедноста на државата.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари