Министерот Бесими во посета на мировниците на АРМ во Авганистан

Од:

Министерот за одбрана Фатмир Бесими, денеска  пристигна во посета на контингентот од Армијата на Република Македонија кој е дел од силите ИСАФ во Кабул, Авганистан.

Целта на посетата на министерот Бесими, соопшти Министерството за одбрана,е пред почетокот на 2013 година да се запознае со тековните активности на македонскиот контингент во ИСАФ, како и да им посака успешно и професионално извршување на поставените должности на македонските мировници и во иднина.

– Министерот Бесими, ќе им честита на припадниците на контингентот за посветеноста кон задачите и прикажаните вештини и знаења кои се слика за решителноста на Република Македонија да помогне во процесот на демократизација на Авганистан, с евели во соопштението.

Во тек на посетата, министерот Бесими ќе оствари средба со командантот на силите ИСАФ, генералот Џон Ален на која, според соопштението, ќе стане збор за постојаниот придонес на Република Македонија во етаблирањето на базичните вредности – мирот, слободата, еднаквоста и почитувањето на човековите права во средноазиската земја.

Воедно, министерот Бесими ќе укаже на тоа дека Република Македонија ги поддржува напорите за стабилизација, со што се потврдува фактот оти Авганистан има безбедна демократска иднина.

Република Македонија е подготвена, согласно плановите на Алијансата за придонесот во изградбата на институциите во Авганистан по 2014 година, да партиципира во напорите за развој и подобар живот за сите граѓани на оваа земја, ќе истакне министерот Бесими на средбата со генералот Ален.

Република Македонија моментно во силите ИСАФ учествува со вкупно 159 лица распоредени на повеќе должности – обезбедување на Командата во ИСАФ во Кабул, како и обука на Авганистанската национална армија. Контингенти од Армијата на Република Македонија се дел од силите ИСАФ во Авганистан од 2002 година, кога беа испратени двајца офицери во рамките на турскиот контингент. Досега дел од тие сили беа 1.843 македонски мировници. Учеството на АРМ во ИСАФ беше првиот придонес на Република Македонија кон мирот и стабилноста надвор од сопствените граници.

Би можело да ве интересира

Отворен ден на АРМ по повод годишнина од членството на Македонија во НАТО

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Власта да ја стопира набавката од 250 милиони евра за транспортни хеликоптери во изборен период

Отворен ден на Армијата по повод четири години од членството во НАТО и 75 години од формирањето на Алијансата

Армијата за 230 милиони евра ќе се опреми со осум хеликоптери од италијанскиот производител „Леонардо хеликоптерс“

МО: Насковски уште во мај 2023 година е разрешен од функцијата претседател на синдикалната организација НСПВ

НСПВ: Министерството за одбрана ја сопре членарината на синдикатот и на тој начин го оневозможува синдикалното делување

Горан Наумовски