Министерот Адеми ја посети тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“

Од:

Минстерот за образование и наука Абдилаќим Адеми и градоначалничката на општина Тетово Теута Арифи денеска ја посетија тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“  каде во изминатиот период беа спроведени повеќе зафати –  обнова на фасадата, подот и централното греење на главниот објект. Вкупната вредност на инвестициите е околу  200 илјади евра, обезбедени од Министерството за образование и наука.

– Тетовскта гимназија имаше успешен старт на учебната година и во двата објекта – во централниот и тој во училиштето во Дреновец. Она што е важно е дека нема намалување на бројот на паралелките, туку имаме намалување кај бројот на учениците, така што тој сега се движи од 25 до 27 по паралелка. Според нас тоа е позитивно бидејќи овозможува подобри услови за успешна настава. Втора карактеристика за целата општина е што има зголемен број ученици во училиштата за средно стручно образование и до 30 отсто повеќе во однос на минатата година,  што се должи на уписната политика на министерството и општината и одлуката во гимназијата и медицинското училиште да не се примаат ученици со помалку од 60 освоени бодови, изјави Адеми.

Градоначалничката Арифи рече дека општината ќе продолжи да инвестира во средното образование со средства од сопствен буџет, ќе ја продлабочи соработката со надлежносто министерство и ќе се обиде да соработува со меѓународниот фактор.

– Што се однесува до двете стручни училишта во Тетово – текстилчното и земјоделското, радува податокот што и двете имаат подолгорочни проекти со норвешката влада и УСАИД, што одат во правец и на зголемување на бројот на учениците при уписите, рече Арифи.

Според Намикќемал Мустафа, директор на тетовската гимназија, во годината кога таа  бележи 70 години од своето постоење зафатите за нејзина обнова многу придонеле  за подобрување на условите за настава.

Општина Тетово веќе има доставено барање до Министерството за образование и наука за поделба на гимназијата на два субјекта, бидејќи со над три илјади ученици таа е меѓу поголемите образовни субјекти во Македонија.

Доколку до крајот на годинава Владата и Министерството дозволат нејзина поделба, од општината најавуваат и доставување барање за изградба на дополнителен објект со што ќе се решат просторните проблеми во средното образование во Тетово.

Би можело да ве интересира

МОН: Наставата наместо во саботи ќе се надомести во работни денови

МОН не го послуша Советот на Општина Велес: Скрати македонска паралелка во гимназијата

Орце Костов

До крај на година ќе се учи секоја сабота: Неработните денови за учениците преку ноќ станаа работни

Орце Костов

МОН: Не укинуваме паралелка на македонски јазик во велешката гимназија

Орце Костов

Нема евиденција дали 140 денари за оброк завршиле кај студентите, МОН исплаќал пари без утврдени легла во домовите, покажа ревизијата

Орце Костов

МОН за протестот на универзитетите: Ако постои волја во Собранието за колективен договор, ние ќе учествуваме во преговорите