Министерката Царовска во Валандово: Ќе се гради детска градинка во селото Брајковци

Од:

Преку Министерството за труд и социјална политика обезбедиме средства за изградба на детска градинка во рурална средина, во селото Брајковци, која покрива неколку села и за таа намена имаме обезбедено 10 милиони денари, информира министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска по денешната средба со градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов.

Според неа, до мај треба да биде потпишан договорот за изградба на градинката и во септември таа треба да треба да биде изградена.

– Намера на Владата е навистина да инвестираме во рамномерен регионален развој и затоа фокус ни се руралните општини, бидејќи и децата од руралните општини треба да имаат подеднаков старт како и сите останати дечиња во Република Македонија, оти тие се потенцијалот на нашата држава, смета министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

Таа додаде дека со тоа се дава и еднаква можност на нивните родители, особено на мајките, да се вклучат на пазарот на труд или да се вклучат подеднакво во земјоделските активности.

Министерката за труд и социјална политика исткан дека во наредниот период ќе се отвораат градинки во Чашка, во село Каласлари, општина Велес и во Прилеп, односно ќе се отвораат повеќе градинки кои се реконструирани во изминативе десет месеци, но до крајот на годината во планот за јавни набавки има уште толкав број на градински кои ќе се отвораат и реконструираат.

Градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов информираше дека министерката Царовска ја запознале со активностите што општината ги презема на планот на социјалната заштита и детската заштита.

– На наше големо задоволство ќе започне изградбата на детската градинка во село Брајковци, а преку прекуграничен проект со Република Грција ќе направиме комплетна реконструкција на детската градинка во Валандово, ќе го решиме статусот на Дневниот центар за престој на лица со попреченост, а го презентиравме пред министерката формирањето на општинскиот солидарен фонд, преку кој општината ќе ги помага најзагрозените и маргинилизираните групи граѓани во општината, рече градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов.

На новинарско прашање зошто Центарот за социјална работа во Валандово не е доволно екипиран, министерката Царовска одовори дека таа како министерка за труд и социјална заштита затекнала растурен систем на социјална заштита.

– Не само кадровски, туку и целосно квалитативно е падната услугата на социјалната заштита во Република Македонија, зашто некој свесно сакал да го уништи системот за полесно и подобро партиски да го злоупотребува. Наша намера е спротивно од ова. Како што имаме 485 вработувања во градинките на неопределено време, имаме согласност и за 138 вработувања во системот на социјална заштита и во наредните две недели ќе бидат објавени огласите, рече министерката Мила Царовска.

Таа додаде дека од мај ќе почнат интензивни обуки за сите вработени во ценитрите за социјална работа за да има промена во однесувањето и пристапот кон граѓаните, а од наредната година Царовска очекува системски да се подобри квалитетот на социјалната заштита.

Би можело да ве интересира

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски

МТСП: Пензискиот фонд е стабилен, да не се креира страв кај пензионерите

МТСП: Социјалните партнери постигнаа значителен напредок во преговорите за раст на платите во јавен сектор

МТСП: Во тек е исплата на образовниот додаток за трет мерен период за учебната 2022/2023 година

Ана Ололовска