Министерката Царовска на обука со директорите на средните училишта во пресрет на новата учебна година

Од:

Одржана е обука со директорите на средните училишта во пресрет на новата учебна година кога започнува имплементацијата на дуалното образование, на која учесниците беа запознаени со обврските што треба да ги преземат во насока на ефективно партнерство со компаниите кои се дел од концептот и учеството во едукацијата на средношколците, информира Министерството за образование и наука.

Директорите беа запознаени со искуството и добрите практики во училиштата во државата во кои овој концепт веќе е воведен и дава добри резултати. Исто така за време на обуката се разговараше и за усогласувањето на наставните планови и програми по кои ќе се реализира наставата, а согласно кои е предвидено значително зголемување на бројот на часови за практична обука директно на работно место кај партнерските компании на училиштата.

На обуката присуствуваше и министерката за образование и наука Мила Царовска која се осврна на придобивките од воведувањето на концептот на дуално образование првенствено за учениците, но и воопшто за државата во целост. Таа потенцира дека заложба на Владата и на МОН е со концептот на дуално образование да бидат опфатени сите средни стручни училишта, затоа што создава добро подготвени ученици за брз и успешен настап на пазарот на трудот, а обезбедува и добра основа за продолжување на образованието на високообразовните установи.

– Драго ми е што преку еден интензивен дијалог кој го нарековме „Учи паметно, работи стручно“ заедно со вас како директори на училиштата, заедно со општините и компаниите, успеавме да ги утврдиме потребите на локално ниво за отворање на нови образовни профили и да воведеме струки кои се барани на пазарот на трудот, како многу значаен чекор за намалување на невработеноста во државата и тоа токму преку правилно конципирање на образовните политики“, рече Царовска.

Министерката нагласи дека за концептот да успее и да ја постигне проектираната ефективност, директорите на училиштата имаат голема улога.

– МОН ќе продолжи да ве поддржува и понатаму. Ќе се трудиме да обезбедиме што повеќе средства за опремување на кабинети и работилници за практична обука, ќе ве советуваме околу соработката со компаниите и секако, ќе ја продолжиме кампањата за промоција на придобивките од средното стручно образование во интерес на тоа да училишните клупи во средните школи се пополнат со што повеќе ученици“, рече Царовска.

Таа додаде дека за стимулација на младите да го избираат средното стручно образование, оваа година се предвидени 2.000 стипендии од 3.500 денари за девет месеци во годината за ученици кои ќе се запишат во дуални паралелки во три и четиригодишно образование, како и 200 стипендии од 2.200 денари исто така за цела учебна година, за ученици запишани на одредени дефицитарни струки, како електротехничка, машинска, угостителско – туристичка струка и други.

Инаку, со новиот конкурс за упис во средни училишта во учебната 2021-2022 година предвидено е да се отворат 97 дуални паралелки со зголемен обем на практична обука за 2.001 ученик. Од нив, дури 86 паралелки се резултат на нови соработки помеѓу училишта и компании воспоставени во изминатите неколку месеци. Концептот е целосно поддржан од компаниите. Согласно анкетата на МОН од почетокот на годинава, над 85 отсто од нив изразија интерес да воспостават соработка со училиштата на локално ниво и да ги примаат учениците на практична обука.

Обуката беше одржана во просториите на Клубот на пратеници, во организација на Министерството за образование и наука.

Би можело да ве интересира

МОН: Наставата наместо во саботи ќе се надомести во работни денови

МОН не го послуша Советот на Општина Велес: Скрати македонска паралелка во гимназијата

Орце Костов

До крај на година ќе се учи секоја сабота: Неработните денови за учениците преку ноќ станаа работни

Орце Костов

МОН: Не укинуваме паралелка на македонски јазик во велешката гимназија

Орце Костов

Нема евиденција дали 140 денари за оброк завршиле кај студентите, МОН исплаќал пари без утврдени легла во домовите, покажа ревизијата

Орце Костов

МОН за протестот на универзитетите: Ако постои волја во Собранието за колективен договор, ние ќе учествуваме во преговорите