Министерката Царовска ја презентираше социјалната реформа пред експерти во Стразбур

Од:

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, денеска ја презентираше реформата во социјалната и детската заштита во Македонија. Потребата од реформата како и очекуваните ефекти од нејзината примена која треба да стартува од идната година ,Царовска ја образложи пред експерти од 42 земји члнки на АД ХОК Комитетот за Роми.

„Со реформата воведуваме програма за гарантиран минимален приход, што ќе овозможи финансиска поддршка за сите лица што живеат под линијата на сиромаштија. Целта на овој приход е да им обезбедиме доволно средства за подостоинствен живот, да ги вклучиме во општеството, но и да работиме на нивно оспособување за трајно вработување. Се бориме и против детската сиромаштија, бидејќи секое дете ни е важно. Воведуваме детски и образовен додаток, а право на овие надоместоци освен корисниците на гарантираниот минимален приход ќе имаат и домаќинствата со минимални приходи“, рече министерката Царовска.

Министерката Царовска во Стразбур имаше работна средба со Заменик генералната секретарка на Советот на Европа, Габриела Батаини Драгони. На состанокот се разговараше за активностите на Министерството за труд и социјална политика поврзани со интеграцијата на Ромите, како и за поголемиот дел законски регулативи во надлежност на МТСП.

Батаини Драгони ги поздрави напорите коишто Владата на Република Македонија и Министерството за труд и социјална политика ги прави за подобрување на социјалната и детската заштита и изрази поддршка за техничка помош за скрининг процесот во делот на социјалните прашања.

Би можело да ве интересира

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски

МТСП: Пензискиот фонд е стабилен, да не се креира страв кај пензионерите

МТСП: Социјалните партнери постигнаа значителен напредок во преговорите за раст на платите во јавен сектор

МТСП: Во тек е исплата на образовниот додаток за трет мерен период за учебната 2022/2023 година

Ана Ололовска