Министерката Царовска ги посети основните и средните училишта во Кочани

Од:

Министерката за образование Мила Царовска во придружба на градионачалникот на Кочани, Николчо Илијев денеска ги посетија основните и средните училишта во градот, при што со нивните раководни тимови разговараа за одвивањето на наставниот процес во актуелната состојба со здравствената криза.

Министерката истакна дека Општина Кочани за исклучително краток период успеала да ја прилагоди наставата на условите што ги наметна пандемијата со Ковид-19, но и да продолжи во реализацијата на започнатите инфраструктурни инвестиции во образованието, како што се спортските терени во дворовите на СОУ „Љупчо Сантов“ и ОУ „Малина Попиванова“.

-Она што радува е што наставниците се мотивирани за нормално одржување на наставата, а локалната самоуправа во континуитет инвестира за подобрување на условите во училиштата. Како резултат на тоа, на пример во средното училиште „Љупчо Сантов“ е поголемо присуството на учениците преку онлајн наставата, отколку минатата година кога имаше физичко присуство. Тоа укажува дека се направила брза подготвка и се адаптирале и наставниците и учениците на новото време. Овој процес на онлајн настава, на подготвка на наставниот кадар да ја држи наставата и нејзиното прифаќање од учениците, е децениски скок во дигитализацијата на образованието. Таа нужно мора да се случува, затоа што тоа е поставено во сите европски и меѓународни стандарди со оглед што светот е прединамично поставен и брзо се менуваат работите, а онлајн начинот на добивање информации станува природна средина, особено за младите, истакна Царовска.

За наставниците и учениците кои се вклучени во наставата со физичко присуство апелираше да ги почитуваат мерките за заштита и во училиштата и надвор од нив, бидејќи на тој начин го спречуваат ширењето на заразата и го штитат јавното здравје.

Градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев рече дека и во услови на здравствена криза наставата во основните и средните училишта во општината се одвива без поголеми проблеми, а заразените наставници и ученици се спорадични случаи.

– Со министерката Царовска разговаравме за тековните проектни активности во училиштата, како што се изградбата на спортски терени, реконструкција на подни површини, ново осветлување на училишните дворови, набавка на ново полуконцертно пијано. Со тоа покажуваме дека и во услови на Ковид-19 продолжуваме да инвестираме и се надеваме дека учениците ќе можат да се вратат во училиштата каде ги очекуваат подобрени и современи услови за реализација на наставата, истакна градоначалникот Илијев.

На почетокот од оваа учебна година, ниту едно од петте централни основни и двете средни училишта во Кочани не добија согласност за настава со физичко присуство, а наставниот процес нормално се одвива само за учениците од прво до трето одделение и во подрачните училишта.

Би можело да ве интересира

МОН: Не укинуваме паралелка на македонски јазик во велешката гимназија

Орце Костов

Нема евиденција дали 140 денари за оброк завршиле кај студентите, МОН исплаќал пари без утврдени легла во домовите, покажа ревизијата

Орце Костов

МОН за протестот на универзитетите: Ако постои волја во Собранието за колективен договор, ние ќе учествуваме во преговорите

МОН: Наместо на политички игри во училиштата, општина Тетово да се фокусира на квалитетна настава

„Министерката ми се закани дека ќе ме избрка“: Советничка во МОН била вознемирувана од Шаќири и Царовска

Орце Костов

Студентите најавија протест: „МОН не ни исплати стипендии кои ни требаат да запишеме семестар“

Орце Костов