Левица: Минимална плата за голо преживување – Македонија заглавена на дното

Од:

Минималната плата во Македонија денес е најјасниот показател за лошите економски политики што со години ги водат владејачките елити. Додека речиси сите земји во регионот вклучително и оние со послаба економска основа од нашата, презедоа сериозни чекори за зајакнување на позицијата на работниците и за раст на платите, Македонија останува заглавена на дното. Наместо да обезбеди достоинствен живот, минималната плата кај нас сè почесто значи голо преживување во услови на растечки трошоци и системска негрижа кон трудот, велат од Левица.

– Бројките се немилосрдни. Црна Гора за помалку од три години ја зголеми минималната плата од 250 на 600 евра – тоа е политичка одлука а не економско чудо. Србија, БиХ и Албанија исто така покажуваат дека кога постои волја платите можат да растат побрзо од инфлацијата. Само кај нас, „реформите“ се сведуваат на козметички корекции кои уште пред да стигнат на сметка веќе се изедени од цените во маркетите, сметките за струја и кириите.

Со минимална плата 397 евра, државата практично признава дека трудот на илјадници луѓе вреди помалку од основната потрошувачка кошничка. Тоа е економски апсурд и морален скандал. Уште полошо, Власта се крие зад флоскулите за „продуктивност“ и „реалниот сектор“, како работниците да се виновни што економскиот модел е нефункционален. Ако по три децении транзиција вашата конкурентност сè уште се темели на ниски плати, тогаш проблемот не е во работникот туку проблемот е во економската политика. Земјите што ги гледаме околу нас покажуваат дека зголемувањето на минималната плата не ја уништува економијата, туку ја турка кон повисока додадена вредност и поголема внатрешна побарувачка.

Минималната плата не е подарок од државата, туку темелна мерка за основно човечко достоинство. Сè што е под тоа ниво е отворено признание дека системот е дизајниран да работи против мнозинството а во корист на малкумина. Со други зборови: проблемот не е што немаме пари. Проблемот е што немаме политичка волја тие пари да завршат кај тие што ги создаваат.

Левица инсистира на итни мерки за заштита на граѓаните: зголемување на минималната плата, ефективна контрола на цените на основните продукти, унапредување на социјалните мерки и транспарентност во монетарната и фискалната политика. Воведување на прогресивен и фер даночен систем кој ќе обезбеди олигарсите и најбогатите да плаќаат поголеми даноци во интерес на сите граѓани, се вели во соопштението од Левица.

Би можело да ве интересира

Левица: Планира ли некој да ја извести Јаневска дека студентскиот оброк, спротивно на Закон, три години не е покачен или свесно продолжува да лаже?!

Горан Наумовски

Левица: ДПМНЕ ја распродава енергетската иднина на Македонија со дата-центар во Пехчево

Левица: Муцунски во Израел ја загрозува безбедноста на македонските граѓани врзувајќи ги со осомничени воени злосторници

Апасиев: Неспособни тендераши не убедуваат дека комарците се размножувале во вазните за цвеќиња на гробишта

А1он

Мециновиќ: Eдинствени сме кои можеме да ги мобилизираме и да подадеме рака на сите елементи во општеството

А1он

Левица: Мицкоски континуирано нѐ прогласува за економски гигант, а две минимални плати не стигаат ни за една синдикална кошничка