Милошоски: Залагањето и посетите на Филе се позитивни

Од:

Поранешниот министер за надворешни работи и актуелен пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски денеска истакна дека се цени залагањето на еврокомесарот за проширување Штефан Филе и неговите чести посети на Република Македонија.

Тоа значи дека и Европската комисија и тој лично ја ставаат земјата високо на својата агенда. Агендата на ЕК и на нашата држава се поклопуваат на она место каде што имаме заеднички интерес што поскоро отпочнување на преговорите за членство. Ваквите интензивни посети од страна на комесарот Филе треба да се гледаат со позитивни очи, рече Милошоски.

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе вчера ненајавено дојде во Македонија и притоа се сретна со премиерот Никола Груевски, претседателот Ѓорги Иванов и со лидерот на опозицијата Бранко Црвенковски.

Би можело да ве интересира

ЕУ: Не е јасно каква игра игра Украина

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Маслеников: Европската Унија продолжува да го саботира мировниот процес во Украина

Горан Наумовски

Ракетниот дострел на Иран е закана што се наѕира над европските престолнини

ЕУ: Ќе најдеме начин да ѝ обезбедиме кредит на Украина и покрај противењето на Унгарија