(ВИДЕО) Милошоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа против одлуките за вонредна состојба затоа што беа злоупотребени

Од:

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа против потврдувањето на петте одлуки за вонредна состојба што го донесе претседателот на државата Стево Пендаровски поради пандемијата предизвикана од КОВИД-19, поради тоа што тие не биле искористени за целта за која биле донесени, туку биле злоупотребени од Владата.

-Сметаме дека сите пет одлуки ја промашија целта ниту една од одлуките не беше искористена од Владата да му помогне на стопанството, а последиците од тоа се гледаат денес, ниедна одлука не беше за подобра состојба со пандемијата, бидејќи денес имаме најголема смртност во регионот и европа, рече пратеникот Антомио Милошоски.

Тој вели дека одлуката ја донеле од три причини, првата што одлуките биле донесени за подобро справување со пандемијата, а денеска има многу полоша состојба, втората што тоа требало да биде основа за справување со економските последици, а денес, како што рече, има драстично влошување на економските состојби во државата со зголемена невработеност.

-Третата причина е што овиедва основи на одлуките за вонредна состојба справување со пандемија и помош во економија, Владата го злоупотреби и наместо да носи мерки кои би биле посветени на овие теми носеше уредби со законска сила злоупотребени за работи кои немаа врска со овие основи, рече Милошоски.

Потврда за тоа, според него, е што Уставниот суд поништил десеттина уредби што ги донела Владата во тој период.

Петте одлуки за прогласување вонредна состојба се на дневен ред на за денеска закажаната собраниска седница. За нивно потврдување е потребно двотретинско мнозинство, односно глас на 80 пратеници.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Нов парламентарен состав до 28 мај

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе ги потврди листите за пратеници

Катерина Ѓуровски

Талевски: ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните

Катерина Ѓуровски

Николова: Платформа од минатиот век се новите лажни ветувања на ДПМНЕ по примерот на Скопје