Милошоски: Пораките на Иванов се пример како се бранат националните интереси

Од:

Сметаме дека, Претседателот Ѓорге Иванов сосема точно и прецизно ги лоцираше проблемите со кои што се соочи Република Македонија во текот на 2016-та година, како на домашен, така и на меѓународен план.

Пораките на Претседателот Иванов, дека нема да се согласи со било какво редефинирање на Република Македонија во насока на бинационална држава, кантонизирање или било кое друго редефинирање е пораки кои што треба да стигнат до секој одговорен и совесен политичар во државата и пример затоа како се бранат националните и државни интереси, рече на пред конференција Антонијо Милошоски.

ВМРО-ДПМНЕ во целост се согласува со ставот на Претседателот Иванов, дека е недозволиво за политички или за лични цели некој во недостаток од реална програма да тргува со националните интереси за своја користољубива корист. Република Македонија точно е дека е мултиетничко и мултијазично и мултиверско општество но пред се е унитарна држава и во интерес на сите граѓани е да ја зачуваме унитарноста и стабилноста на Република Македонија.

Обраќањето на Претседателот Иванов беше обединувачко и помирувачко, што дефинитивно му е неопходно на македонскиот народ и на македонските граѓани, и сметаме дека неопходно на овој начин и со вакви помирувачки тонови треба да дадеме пример и на другите политичари.

Сепак од Претседателот Иванов очекувавме поконкретно да ја посочи одговорноста која што треба да претходи на било кое политичко или национално помирување. Мора да биде точно лоцирана вината за насилните вандалски протести, за уништување на државен имот, за уништување на културно наследство, за уништување и деградирање на институции. И затоа треба уште еднаш ќе напоменам да се посочи точно одговорноста кој ја злоупотребува политичката позиција за тргување со националните интереси во предизборниот и во постизборниот период.

Граѓаните на изборите на 11-ти декември го имаа својот глас и ја изразија својата волја. Волјата беше дека се определени мнозинството граѓани за стабилна и унитарна, економски напредна Република Македонија. Граѓаните му покажаа и на господинот Зоран Заев дека со својата деструктивна политика не може да победи. И затоа сметаме дека волјата на граѓаните треба во целост да се почитува. Сметаме дека политиката на деструкција е поразена и дека оваа лекција ќе биде научена лекција за сите други политичари. Колку ќе бидеме поодговорни политичари и посплотени и како народ толку ќе имаме посреќна Нова Година. Колку ќе имаме подеструктивни политики толку следната година ќе ни биде посложена и потешка.

ВМРО-ДПМНЕ во својот дел на одговорноста ќе направи максимално се во своја моќ да имаме стабилна, развиена и напредна Република Македонија со стабилна Влада избрана според волјата на граѓаните, рече Милошоски.

Би можело да ве интересира

Кузеска: За хаосот во Скопје најголема вина имаат Мицкоски и ДПМНЕ

Петрушевски: Бизнис интересот на СДС и ДУИ направи граѓаните да плаќаат поскапа струја

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Тренчевска: Кошничката е прескапа, ДПМНЕ да прифати 0% ДДВ на храна и минимална плата 450

СДСМ бара Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и понуди предлози за решавање на кризата во Скопје

СДСМ: Малодушноста на ВМРО-ДПМНЕ блеска посилно од кога било