Милошоски: Поддршка за занаетчиството во Македонија

Од:

Признавање на 60 проценти од трошоците за производство на занаетчиски работи, за набавка на алат и за обука на занаетчија мајстор, најави денеска на средба со занаетчиите во Битола носителот на листа за избор на пратеници во Изборната единица 5 Антонио Милошоски.

Тој посочи дека овие мерки се дел од изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ  „Проверено“, со кои, како што рече, се планира поддршка на занаетчиството во Македонија.

– Сметаме дека овој дел од традиционалното занаетчиство, посебно во градови коишто ја имаат таа култура како Битола, треба да се поддржува за да можеме и за нивните приходи и за нашето стопанство, но и за понудата во самата чаршија особено во однос на туризмот да биде зголемена и да биде побогата, а со самото тоа тие да имаат полесни услови за работа и за дејствување и за вработување дополнителни лица во нивните дуќани, рече Милошоски на средбата со занаетчиите во Битола.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски