Милошоски: Османи во среда да реферира за патоказот со Бугарија пред Комисијата за надворешна политика

Од:

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Комисијата за надворешна политика Антонио Милошоски денеска соопшти дека за среда во 15:00 часот ќе закаже седница на Комисијата и ќе го повика министерот за надворешни работи Бујар Османи да ги претстави предлог Акцискиот план и предлог-патоказот за којшто премиерот Зоран Заев и специјалниот пратеник Владо Бучковски го преговараат со Софија.

Милошоски, кој ова го објави на својот профил на Фејсбук, напиша исто така дека протестите на опозоциската партија продолжуваат и во понеделник и во вторник пред Минисгтерството за надворешни работи од 17 до 19 часот.

-На 11ти јуни, после неколкудневни протести на опозицијата, министерот за надворешни работи Османи изјави дека е спремен да реферира пред пратениците за контраверзните преговори што двоецот Заев-Бучковски ги води со Бугарија. Да потсетам, пред цели 6 месеци, на 16ти јануари истата оваа влада усвои заклучок дека пред пратениците ќе бидат презентирани информации за предлог Акцискиот план кој го преговараат со Бугарија, но досега наместо отчетност имавме молк, нетранспарентност и чести понижувања на Македонија. Заклучокот е дека во нормални демократии за најбитните национални теми владите сами иницираат дебата со парламентот, додека во хибридните режими како во Македонија, потребни се протести за да натераш владин министер да даде отчет пред пратениците, посочува, меѓудругото, Милошоски.

Би можело да ве интересира

Украина и Молдавија ќе почнат преговори пред Македонија: „Проширувањето на ЕУ е секогаш политичка одлука“

Орце Костов

(ВИДЕО) Денков: Бугарија нема да го смени ставот кон Македонија, сега преговорите се помеѓу ЕУ и Скопје

Орце Костов

Нова провокација во клучен момент – Бугарското МНР за реакциите во земјава за децата од „Мал битолски Монмартр“

Катерина Ѓуровски

Хакер: Влезот на Северна Македонија во ЕУ е во интерес на Германија и на Унијата

Ана Ололовска

Сослушување во американскиот Сенат за влезот на С. Македонија во ЕУ, и за Западен Балкан

Ана Ололовска

Бербок: Договорената промена на Уставот да не се користи во натпреварот за популарност или да добивка на изборите