Милошоски: Одговорот на Меморандумот навремен и тактички добар

Од:

Според  поранешниот министерот за надворешни работи Македонија е подготвена да разговара и да работи на изнаоѓање на достоинствено решение

Македонската реплика на грчкиот Меморандум за разбирање е навремена, тактички добро изработена и ги пополнува случајните или намерни пропусти што официјална Атина ги има направено во нејзиниот предлог Меморандум, каде што Грција пристапила кон Времената спогодба и кон Меѓународанта пресуда од Хаг како кон супермаркет во кој човек си зема тоа што му одговара, а го остава настрана тоа што не му одговара, изјави денеска пратеникот и поранешен министер за надворешни работи Антонио Милошоски.

Македонскиот одговор, како што посочи, заслужува внимание заради три пораки. Првата е дека Македонија е подготвена да разговара и да работи на изнаоѓање на достоинствено решение, и тоа не е порака само кон Атина, туку и кон Њујорк и кон Брисел.

Втората порака, според Милошоски, е дека Република Македонија има архивска меморија и знае кои се нашите и кои се грчките преземени обврски особено по однос на Времената спогодба и оти таа треба да најде заслужено внимание и во грчкиот пристап кон македонско-грчките односи.

„И третата порака е доколку се повикуваме на релевантни документи не можеме да замислуваме една рамка на преговори што би ги отсликувала само грчките позиции. Таа ќе мора да ги земе предвид и македонските позиции за да се стигне до заеднички долгорочно одржлив договор, а за да се постигне тој договор мора да ги почитуваме и меѓународно релевантните документи, како што е пресудата од Меѓународниот суд на правдата во Хаг, каде Македонија на многу чист, аргументиран и меѓународно правно издржан начин успеа да ги претстави своите аргументи и да доби една кристално јасна пресуда“, изјави Милошоски.

Најважно, истакна тој, е да видиме дали втората фаза по добивањето на овој Меморандум од декларирани заложби официјална Атина ќе премине и на остварување на своите намери дека ќе влезе во суштински преговори со Република Македонија коишто би имале за цел да се стигне до едно заедничко прифатливо решение.

„ Во секој случај добро е што официјален Брисел оваа година за разлика од претходните македонско-грчкиот спор го смета не како пречка за почнување на преговорите, туку како дополнителен мотив да се отпочнат преговори за членство со ЕУ и да се создаде подобра атмосфера и во самите европско – македонски преговори, но и подобра атмосфера и взамена доверба во македонско грчките односи“, изјави Милошоски.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Грција: Мајка ја претепа бремената ќерка, девојката доживеа спонтант абортус

Црвена тревога е прогласена за неколку региони во Грција

Грција нема да го екстрадира Аце Циганот за убиството пред 28 години

Катерина Ѓуровски

Поради сообраќајна несреќа сообраќајот од Битола кон границата со Грција се пренасочува преку селата Бистрица и Породин

Грција и Украина потпишаа енергетски договор за испорака на американски течен гас во Киев

Зеленски: Украина ќе увезува гас од Грција за зимски потреби