Милошоски не очекува наскоро решавање на спорот за името

Од:

Пратеникот и поранешен министер за надворешни работи Антонио Милошоски денеска изјави дека не очекува попрагматичен став од Грција за спорот за името и оти јужниот сосед ќе избегнува негово решавање.

– Не очекувам ниту ПАСОК, односно (министерот за надворешни работи Евангелос) Венизелос, ниту Самарас, како премиер на грчката влада да имаат попрагматичен став по однос на Македонија. Тие ќе го одбегнуваат решавањето на спорот и за време на грчкото претседавање со ЕУ сметам дека ќе се обидуваат ова прашање да не дојде на дневен ред. Ќе беа среќни ако Македонија не го усвоеше извештајот и ако имавме внатрешен проблем и хендикеп за да ја задржиме препораката. Но и во случај кога го имаме извештајот за македонското Собрание сметам дека ќе се обидат да го одложат нашето прашање, изјави Милошоски.

Коментирајќи ја изјавата на Венизелос за грчкиот весник „Катимерини“ во која тој говори дека е опасно тоа што им го прават членовите на Златна зора на граѓаните од Албанија и Македонија, Милошски рече дека оваа изјава тој ја има дадено за да го поправи имиџот на Грција пред меѓународната јавност.

– Венизелос е искусен политичар и тој знае дека дејствијата на Златна Зора и внатре во Грција и во меѓународната јавност дополнително го влошуваат имиџот на нашиот сосед. Мислам дека таа реакција е предизвикана од чувството на загрозеност на имиџот на Грција во меѓународната јавност. Во однос на проблемот со уставното име на Република Македонија, не очекувам Венизелос да успее, посебно не како човек од ПАСОК, која има многу надолен тренд, да ги подобри односите или пак да има капацитет да го реши проблемот со Македонија. Тоа би било големо изненадување, изјави поранешниот министер за надворешни работи Милошоски.

Грчката Влада, според него, е свесна за штетите што им ги прави Златна зора на меѓународен план, но не е оптимист дека наскоро да се реши проблемот меѓу Македонија и Грција.

Милошоски денеска беше во Штип на панихидата на Тодор Александров.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

„Жито Лукс“ се правда: Зборот Македонија е избришан поради унифицирање на името на фирмата дома и во странство

Маја Илиевска-Пачемска

„Жито Лукс“ ја избриша Македонија од Статутот, купувачите најавија бојкот на производите до банкрот на компанијата

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски