Милошоски: Најавените 30 странски инвестиции ќе отворат 10.000 нови работни места

Од:

Носителот на листата на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ во Петата изборна единица Антонио Милошоски денеска на средби со граѓаните во Ташмаруниште, Струшко, ја претстави програмата на партијата со фокус во делот на економијата.

– Најголем интерес во нашата програма има за економскиот дел, посебно за тие најавени 30 странски инвестиции коишто би отвориле директни 10.000 нови работни места и нормално, индиректни дополнителни вработувања на луѓе коишто ќе бидат добавувачи и ќе даваат одредени услуги на тие фирми, рече Милошоски.

Тој се осврна и на проектите со кои се поттикнуваат инвестициите во туризмот.

– Голем интерес во струшко-охридскиот дел има и за туризмот за што предвидуваме поголеми поволности, поголема промоција и она што беше најавено да разговараме со компанијата „Визер“ за директни летови од Лондон до охридскиот аеродром, што во голем дел ќе значи зголемување на туристичката понуда во текот на целата сезона и повеќе од тоа и за Струга и за Охрид и за сите места во околината на нашето крајбрежје, посочи Милошоски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски