Милошоски: Министер од СДСМ давал насоки да се гласа против точката за ДИК

Од:

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски обвинува дека власта прави притисок да не се комплетира составот на ДИК. Милошоски напиша на „Фејсбук“ дека министер од редовите на СДСМ се јавувал кај пратениците од владејачкото мнозинство и давал насоки да гласаат против точката за ДИК или таа да се тргне од дневниот ред, закажана за денеска.

„По однос на мојот предлог владејачките партии (Тунтев од СДСМ, Адеми од ДУИ) се изјаснија дека е законски, коректен и дека ќе го поддржат. Истото го потврди и раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Но, во меѓувреме стигнале нови наредби од извршната власт до владејачкото мнозинство; министер од редовите на СДСМ се јавил кај неколку пратеници и побарал пратениците да гласаат против одлуката за комплетирање на ДИК или пратениците од владејачкото мнозинство да ја симнат точката за ДИК од дневен ред или СДСМ и ДУИ да ја поместат точката за ДИК подолу и пред истата да дојде на ред седницата да се прекине и презакажувањето на истата да се одолговлекува“, пишува Милошоски.

Тој додава дека според однесувањето на пратениците од власта ќе може да за оцени дали пратениците или Владата го управува и Собранието и кому би му одговарало ДИК да биде некомплетирана и нефункционална.

„Објаснувањата дека се преговара со опозицијата за Изборниот законик и ДИК се бледи изговори бидејќи изборниот законик е широка материја која опфаќа многу прашања, за чие усогласување се потребни неколку месеци. А комплетирањето на ДИК е законска обврска сега и не се коси со какво било усогласување на Законот во иднина“, додава Милошоски.

Би можело да ве интересира

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ прифаќа надзорна и анкетна комисија за Кочани, но да бидат вклучени и другите трагедии

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Победата на ВРЕДИ е формална, се е благодарение на организираното гласање на ВМРО-ДПМНЕ, вели Адеми

ДИК ги прогласи Локалните избори 2025 за конечно и официјално завршени

Манасиевски: Дали познат доктор и поранешен градоначалник одбил функција во раководството на СДС затоа што не го смета Филипче за релевантен?