ВИДЕО: Милошоски ја предаде „бомбата“ во Обвинителство за наводно мешање на Заев во судската власт

Од:

„Она што го поседувавав како материјал аудио и транскрипти во кои се слуша гласот на Зоран Заев го предадов во Обвинителството и уредно беше направен записник. Затоа предлагам дека најдобро би било да го повикаат Зоран Заев во Обвинителство да каже кој бил со него во Владата и тие лица што биле со него да бидат повикани како сведоци“, кажа Антонијо Милошоски.

„Овој пат ќе кажам дека има разлика дека, бидејќи и самиот Заев кажа дека бил неговиот глас на снимките. Второ како предлог што го дадов е да се земат снимки од камерата на Владата при што со сигурност може да се утврди кој во месец мај 2019 бил на разговор во Владата и со која намера. Се работи за материјал од анонимен укажувач и јас не можам да влијаам него. Она што го имаше како материјал ми го достави и јас го проследив до Обвинителството. Уште еднаш ќе повторам дека овие транскрипти содржат индиции за мешање на извршната во законодавната власт. Затоа е најдобро да се започне предистражна постапка, која ќе ги расветли овие сомнежи“, рече Милошоски.

Овие снимки Милошоски ги предава во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, откако првично на прес-конференција викендов објави дека наводно Заев бил во дослух со екс шефицата на СЈО, Катица Јанева и посочи дека законодавната власт имала влијание врз судската власт.

Би можело да ве интересира

Османи: Дел од фабрика на лажни вести во ВМРО-ДПМНЕ е дека постои документ од ЕК потпишан од 25 членки за важење на старите документи

СДСМ: Милошоски да не го блокира Законот за рестриктивни мерки

Милошоски: Раштимана делегација во Минхен, двоглавото претставување е за потсмев

Милошоски: Пендаровски ја релативизира позицијата во која не донесе Владата

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Милошоски до Јовески: Како може ДЗР во март да ви достави извештај за Онкологија, а вие до ден денешен да немате истрага?