Милошоски: Итна собраниска седница за јавно разгледување на македонско-бугарскиот договор

Од:

Согласно член 67 од Деловникот, став 2, голем број пратеници од коалицијата „За подобра Македонија“ ќе поднесат барање за свикување итна седница на Собранието за разгледување на отворена, а не на тајна седница, на договорот меѓу Македонија и Бугарија, соопшти денеска Антонијо Милошоски.

На прес-конференција Милошоски нагласи дека Собранието и Владата треба да отворат јавна дискусија за македонско-бугарскиот договор за добрососедство за да може јавноста да знае што ќе биде потпишано и колкава и која ќе биде користа од овој текст за Бугарија и колкава може да биде штетата за Република Македонија.

– Пред неколку дена имавме затворена седница на инсистирање на премиерот Заев кој кажа дека овој македонско-бугарски договор за добрососедство е се уште нацрт-текст во кој може да се интервенира за подобрувања на текстот, истакна Милошоски.

Според него, пратениците на коалицијата „За подобра Македонија“ увидоа пет суштински слабости кои овој договор го прават штетен за интересите на Македонија и дадоа пет препораки.

– Денес добивме официјална изјава од министерката за надворешни работи на Бугарија Захариева, која наспроти тврдењата на Заев дека текстот на договорот е отворен и може да има подобрувања, тврди дека е затворен, дека немаат намера да преговараат, дека не го признаваат македонскиот јазик и дека нема нешто такво во договорот како македонски народ, посочи Милошоски.

За бугарскиот премиер, додаде, ќе биде победа што ќе потпише договор во кој го нема терминот македонски народ, ни според Уставот на Република Македонија, ни без Уставот на Република Македонија, додека за македонскиот премиер и за Република Македонија како држава ќе биде пораз ако биде потпишан текст во кој не се признава македонскиот како конститутивен народ во Република Македонија.

– Сметаме дека Република Бугарија многу добро се грижи за своите национални интереси и инсистира на нив во овој договор. За жал, ја немаме истата оценка за Владата на Република Македонија и за премиерот Заев кој се согласил да потпише ваков договор, а пред пратениците глуми дека текстот на договорот е отворен и дека има можност за подобрување, предочи Милошоски.

Според бугарската министерка за надворешни работи, текстот, потенцира пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, е затворен и тие немаат намера да преговараат. – Во текстот, како што вели таа, се предвидува меѓувладина комисија за надзор, примена и спроведување на договореното што значи дека доколку една од страните не го применува доволно добро текстот по желбите на другата страна, може да биде предмет на критики, санкции, блокади или опструкции, укажа Милошоски.

ВМРО-ДПМНЕ очекува Собранието да одржи итна и отворена седница за договорот, да се придружат и да го поддржат и пратениците на владејачкото мнозинство, а премиерот Заев да го декласифицира текстот, да каже дали е конечен или дали се уште е нацрт – договор, да го отвори пред јавноста, да се дебатира и народот да знае што ќе биде потпишано и колку од тоа корист ќе има Бугарија, а колкава штета од тоа ќе има Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Собранието ги усвои двата закони за заеми кај Светската банка

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик