Милошоски: Анкетната комисија има за цел неселективно утврдување на пропустите за сите трагедии и спречување на идни

Од:

На денешната собраниска седница се обрати пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски кој истакна дека Анкетната комисија има за цел да се утврдат сите пропусти за трагедиите во изминатиот период кои резултираа со човечки жртви, со што добиените наоди понатаму би биле испратени до Владата и до Јавното обвинителство за да се лоцира доколку има политичка и кривична одговорност.

„Оваа Анкетна комисија се поднесува заради сериозноста на последиците на трагедиите кои се случија последните неколку години, несреќата во дискотеката во Кочани, несреќата на Беса транс, Модуларната болница во Тетово и несреќата на Дурмо Турс кај Ласкарци. Целта на ваквата Анкетна комисија е да се разгледуваат сите пропусти и сметам дека овие трагедии коишто со човечки животи ги платија недолжни луѓе имаат заеднички именител кај сите четири трагични несреќи се забележува сплет на пропусти на многу институции, нефункционалност на добар дел од системот и раководители на одредени институции коишто создале една опасна замка за сите четири несреќи во којашто замка за жал ненадоместливо имавме загуба на 138 човечки животи. Целта е исто така било кои наоди што ќе се добијат да бидат испратени до Владата и до ЈО, кои можат да помогнат во лоцирањето на политичка одговорност и кривична одговорност“, рече Милошоски.

Пратеникот Милошоски истакна дека е потреба неселективност за сите трагични настани со што би со дошло до објективно согледување и решавање на системски пропусти и недостатоци.

„Со изгласувањето и формирањето на една ваква Анкетна комисија ние како пратеници и како Собрание би покажале неселективност, затоа сметам дека сите овие 4 трагични настани коишто резултирале со ваква ненадоместлива штета и за семејствата и за целата држава, не треба да бидат селективно разгледувани, туку да бидат разгледувани како една целина за да можеме со објективни согледувања да дадеме препораки за поправање на одредени системски недостатоци“, вели Милошоски.

Милошоски упати апел до пратеникот и претседател на СДС, Венко Филипче да даде поддршка за оваа Анкетна комисија која ќе ги разгледува покрај актуелните и сите други трагични настани.

„Затоа би сакал освен овие 75 потпишани пратеници да го повикам и да го замолам и пратеникот Венко Филипче како претседател на опозиционата партија и како подносител на следната иницијатива да даде поддршка за оваа Анкетна комисија којашто не исклучува ниеден трагичен настан, напротив ќе ги разгледува сите. Ќе ги разгледува и тие коишто се најактуелни во моментов но исто така и оние кои се случија во времето кога Филипче беше член на владата во чиј мандат се случија и дел од овие трагични несреќи“, рече Милошоски и додаде:

Ако гласаме заеднички за една Анкетна комисија без селективност и со истото чувство на емпатија можеме да имаме поголеми шанси да стигнеме до препораки и заклучоци коишто би биле корисни за целата држава и би послужиле за системски корекции за во иднина да се намалат ризиците за вакви трагедии.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Милошоски: Венко предлага „црвени линии“ за заштита од францускиот предлог, кој пред една година го прогласи за победа

(ВИДЕО) Милошоски: Две тајни коалиции за овие избори – Левица во координација со ДУИ за Струга и Тетово, во Карпош Заев и Филипче се договорени со Стевчо Јакимовски за маркици и тендери

Милошоски: Наградно прашање – Дали некој во оваа држава знае барем една работа што останала зад името на Андреј Жерновски

А1он

Милошоски: Демократски зрело е членовите на Судски совет да си поднесат оставки после изгласана недоверба

Предраг Петровиќ

Милошоски: ЕУ ветуваше, но очигледно е дека не ги исполни своите ветувања

Милошоски: РЕК Битола – душманско крадење преку „РУД Коп ДООЕЛ”, „Марковски Компани” и „Дигер ДОО”- Битола

Горан Наумовски