Милион долари за Преспанското Езеро

Од:

Со цел да се спречи ерозијата околу Преспанското езеро и регулирање на главните поројни водотеци во сливот на Преспанското езеро, преку проектот кој е спроведуван од УНДП се обезбедени милион долари.

Со проектот е предвидено да се подигнат нови расадници во близина на селото Асамати.

Овој модерен расадник се очекува во голема мерка да ги обезбеди потребниот автохтон саден материјал за идните пошумувања во Преспа.

Проектот за заштита на Преспанското Езеро кој отпочна во јули 2012 година се спроведува преку партнерството на УНДП со Општина Ресен и други субјекти на национално и локално ниво.

Проектот се очекува да трае шест години.

Би можело да ве интересира

Беснее пожарот во Националниот парк „Преспа“, тешко оди неговото локализирање

„MEET Преспа”– фестивал што ги обединува културите во регионот утре во Пустец

А1он

Пожарот околу Преспанско езеро е ставен под контрола

А1он

Легендарниот германски актер и режисер Брајан Мајклс добитник на наградата за животно дело Актер на Европа 2025 на Интернационалниот театарски фестивал во Преспа

Серија земјотреси го тресат преспанскиот регион

А1он

Силен земјотрес ноќеска ги вознемири граѓаните на Преспа

A1on