Милетиќ: Пратениците од СДСМ не ми викаат ни „добар ден“

Од:

Пратениците на Социјалдемократскиот сојуз го избегнуваат претседателот на нивната коалициона партија, Српската напредна Странка во Македонија, јавува Дневник.

Како што пишува весникот, пратениците на СДСМ целосно се дистанцираат од Милетиќ, никој од нив не сака да седи до него во Собранието, ниту пак да се напие заедничко кафе. Милетиќ за Дневник вели дека од СДСМ веќе не бараат никаков став од него, не го консултираат за ништо и не го викаат на партиските координации.

Никој не ми објасни што се случува. Никој не ме поздравува, со никој кафе не пијам, никој не ме прашува ништо. Ние не сме претшколска установа, туку највисока институција. Истите луѓе од СДСМ со кои преговарав за независна пратеничка група сега одеднаш вртат глава и не ми викаат ниту „добар ден“. Јас за себе знам дека никого не убив ниту повредив, се друго е нивни проблем, вели Милетиќ за Дневник.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?

СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Славески

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?