Миленко Неделковски прогласен за персона нон грата во Бугарија

Од:

Лично иницирав процедура Миленко Неделковски да биде ставен на списокот на странци кои не се пожелни на територијата на Бугарија. Ова го изјави министерот за надворешни работи на Република Бугарија, Даниел Митов откако Неделковски ја искрши спомен плочата поставена во сеќавање на загинатите бугарски војници од битката во 1916 година.

Нормално е кога се прави ваков тип на провокација, која искрено е исклучително грда, во случајот со Миленко Неделковски, целото бугарско општество да реагира. Не можеме да останеме неми, коментира тој.
 
“Бугарската влада веднаш реагираше, побаравме од властите во Скопје да се дистанцираат од чинот“, посочи Даниел Митов.

“Што се однесува до тврдењата за законитоста и незаконитоста на поставената плоча треба да се сфати дека ова е иницијатива на група бугарски граѓани кои се качиле и одлучиле да му оддадат почит на загинатите бугарски војници во 1916 година во битката кај Кајмакчалан. Овој чин не е на бугарската влада, тоа е чин на група граѓани”, објасни министерот за надворешни работи и додаде дека спор околу законитоста на поставената плоча не може да се води.
 
“Вандалскиот чин на овој човек е целосната пропаст како личност”, изјави Даниел Митов.

“Ние покренавме постапка пред Владата во Скопје да ја повратиме спомен плочата но овој пат на државно ниво, рече тој.

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Миленко Неделковски го изгуби судскиот спор против Секуловска, Србиновски и Пировска

(ВИДЕО) Миленко Неделковски: Не сум виновен

Ана Ололовска

Миленко Неделковски на 17 јануари на суд за ширење ксенофобија

Наум Локоски

Кривична пријава против Миленко Неделковски за коментари со кои ја загрозил сигурноста на Заев

Наум Локоски

Неделковски: На врата ми е дојдена полиција да ме уапси

Наум Локоски

Обвинение против Миленко Неделковски за статусот на „Фејсбук“ за жртвите од пожарот во Грција

Ана Ололовска