Водителот Миленко Неделковски објави дека бил повикан од Основното јавно обвинителство како осомничен за кривично дело „Загрозување на сигурноста преку ширење расистички и ксенофобични материјал по компјутерски систем“.
Во објавата на Неделковски, водителот претпоставува дека најверојатно се работи за кршењето на плочата на Кајмакчалан.
Тој пишува дека ова претставува прогон против него и против слободата на говор и дека нема да може лесно да биде уценет како што биле уценети Заев, Груевски, Јанкуловска, Јанакиески, Верушевски, Мијалков…